Научниците сеуште се збунети зошто ДНК и клетките се регенерираат со години, а потоа одеднаш сè почнува да откажува.
Еве што открива Дискавери за човечкото тело:
Ги памтиме мирисите
Кучињата и мачките имаат подобар нос, но и ние можеме да запамтиме 50.000 различни мириси.
Долги црева
Тенкото црево е за четири пати подолго од просечната висина на човекот - од 5,5 до 7 метри.
Долг крвоток
Крвта патува далеку. Во човечкото тело постојат околу 96.000 километри на крвни садови. А срцето отчукува околу 100.000 пати на ден.
Бактерии
Секои 2,5 квадратни сантиметри на кожата, живеалиште е за околу 32 милиони бактерии. За среќа, повеќето од нив не се опасни, но исто така му помагаат на нашето здравје.
Брзина на кивањето
Воздухот што го испуштаме кога киваме, може да достигне брзина од над 160 километри на час. Уште една причина да не кивате без покриен нос и уста.
Плунката може да напополни базен
Во текот на просечниот живот, произведуваме околу 23.000 литри плунка, што е доволно за два базени.
Сила на 'рчењето
До 60 години, околу 60 отсто од мажите и 40 отсто од жените 'рчат. Силата на 'рчењето во просек изнесува 60 децибели, што е и сила на обичен говор, но може да надмине и 80 децибели, што е еднакво на интензитетот на пнеуматска бушалка за бетон. Висината на бучава над 85 децибели е опасна за човековото уво и за здравјето во целина.
Русокосите имаат најмногу коса
Бојата на косата влијае на густината на косата, а руса коса (природна) е најгуста. На човечката глава има околу 100.000 фоликули, а секој може да произведе 20 поединечни влакна за време на човечкиот живот. Луѓето со црна коса имаат околу 90.000 фоликули, а оние со кафеава коса најмалку - 86.000 фоликули.
Ноктите на рацете растат побрзо од ноктите на нозете
Колку повеќе се изложени и што почесто се користат, ноктите растат побрзо. Најбрзо растат ноктите на раката со која пишувате, а особено ноктот на најдолгиот прст.




































