Парискиот Лувр ја зацврстил својата положба како најпосетуван музеј во светот со рекорди 8,8 милиони посетители минатата година.
Музејот лани забележал зголемување на посетите за пет отсто после тригодишната бројка од 8,5 милиони посетители годишно.
Лувр наведува дека “ужива во бројните американски туристи, како и посетители од другите земји“ кои чинат околу 66 отсто од вкупниот број на посетители.
Најпосетуван е од посетители од САД, Бразил, Италија, Австрија и Кина.
Француски претставници соопштиле дека минатата година бројот на посети во француските музеи генерално се зголемил за пет отсто- на околу 27 милиони посетители.
Британскиот весник “Уметност“ неодамна објави дека вториот најпосетуван музеј бил Британскиот со 5,8 посетители, а потоа њујошкиот Метрополитен со 5,2 милиони.




































