Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Забава Занимливости Бизарни обичаи за време на свадбата

Бизарни обичаи за време на свадбата

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Дали мислите дека домашните обичаи се чудни? Прочитајте што ги чека на младенците од Северно Борнео, Шкотска, Украина, Тахити, Јужна Африка, Кина, Индија и Мавританија.

Свекрва која премногу бара, тешки фустани и пијани гости ... Ако мислите дека ова се најголемите маки на денот на свадбата, тогаш прочитајте за чудни ритуали во целиот свет.

Северно Борнео - Тридневна забрана на тоалет

Медениот месец би требало да биде уживање во страста, но тоа е тешко возможно за припадниците на Тидонг заедницата во Северно Борнео. На двојките три дена и три ноќи по венчавката не им е дозволено да го користат тоалетот. За да се осигураат дека младенците не го прекршуваат правилото, членовите на семејството на смена го чуваат тоалетот. Овој, најблаго речено, чуден обичај се зема како мерка на претпазливост, за парот да живее долго, среќно и со многу деца.

Украина - Палење на кукла


На традиционалните украински свадби има една необична и може да се каже песимистичка традиција. Веќе очекувана можноста за развод во иднина, иако тие само што се венчале, на церемонијата, младенците горат кукла, која претставува „стројник„, односно лице кое ги споило.

Шкотска - Оцрнување на невестата

Во Шкотска моминската ноќ не е задоволство. Ноќта пред свадбата другарките на невестата, ја потопуваат во кисело млеко, мртви риби, катран и пердуви, а потоа ја водат на пиење. Суштината на оваа прастара традиција наречена е "оцрнување на невестата", за да се подготват младите за било какво понижување или за проблемите со кои тие ќе се сретнат во брак.

Островот Маркиз - Човеков тепих за младенците

На островот Маркиз на Тахити, младенците шетаат врз членови на семејството и гостите. Сите сватови легнуваат на земја и создаваат "човеков килим" преку кој минуваат невестата и младоженецот. Не се знае значењето на овој чуден обичај.

Јужна Африка - Навредување


За време на свадба младата и семејството на младоженецот разменуваат навреди, а секој следен круг е сè повеќе и повеќе енергичен.

Кина - Невеста која плаче

Дали сте тип на личност која секогаш плаче на свадби? Во Кина секоја жена е од овој тип, бидејќи според традицијата, невестата треба да плаче секој ден, еден месец пред свадбата, а во чудниот обичај би требало да ѝ се приклучат сите женските членови на семејството. На денот на свадбата невестата целата во солзи треба да испее песна што го оплакува бракот!

Индија - Свадба со животни

Вакво нешто сигурно не сте слушнале! Според индиските верување девојчето кое е родено со заб кој веќе го пробил непцето, по правило треба да биде во брак со животно (обично куче или коза), ако не, тогаш ќе биде проколната.

Мавританија - Насилно хранење на невестата


Да ја покаже својата моќ и статус, мажот во Мавританија мора да се ожени со дебела девојка. Во ритуалот што се нарекува Леблоух, девојчињата на возраст од пет до 15 години се праќаат на "фарма за маст" и се принудени на илјадници калории на храна со цел брзо да се здебелат. Ако девојките одбиваат храна, тие често се тепани.

 

Hits: 927
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...