Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Забава Занимливости Видео: Преку интернет ги повикуваат жените на прељуба

Видео: Преку интернет ги повикуваат жените на прељуба

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Рекламната кампања на еден шпански веб-сајт, ги повикува мажените жени да го користат интернетот за да запознаaт мажи со кои би ја обновиле страста, и истата предизвика јавен бес, затоа што на овој начин ја урива институцијата семејство.

Рекламата на фирмата victoriamilan.es преку плакати на улиците на Мадрид  ги повикуваат жените со слоганите "Оживејте ја вашата страст! Доживејте љубовна авантура".

Огласите покажуваат фотографии од насмеани жени во прегратките на љубовниците.

- Само еднаш се живее, така се вели. Ние само сакаме да ви помогне животот да го живеете на вистински начин, а ние тоа го сторивме, така што го формиравме ова интересно пријателско место за средби, со цел да го зачините вашиот живот - се вели во рекламата.

Компанијата која стои зад овој веб-сајт тврди дека тие се први во Европа кои ја нудат оваа услуга која е наменета за луѓето кои се во брак или во врска: "Ние ви обезбедуваме атмосфера во која може да се забавувате, флертувате, ќе сретнете некој со кој можете да се забавувате и ќе доживеете афера. Не знаете што пропуштате, ако не пробате! "

Веб-страницата, исто така, содржи сведочење на оние кои ја доживеале „среќата„..

"Јас веќе најдов неколку мажи за флертување и се забавувам со нив" - вели 31-годишната Изабела, која е во "стабилна врска".
"Брзо најдов сладок и страствен љубовник - сведочи 42-годишна мажена жена.

Сепак, оваа интернет понуда многумина ги шокираше, бидејќи промовираат брачно неверство.

- Каков вид на морални поуки сакате да промовирате - праша една директорка на маркетинг, која се надева дека овој вид на  бизнис нема да успее или ќе биде забранет затоа што постојат луѓе кои веруваат во семејството, во нивните партнери."

Hits: 469
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...