Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Забава Занимливости Google во чест на Хари Худини го промени денешното лого

Google во чест на Хари Худини го промени денешното лого

Ниво на корисникот: / 5
НајлошоНајдобро 
Пред 137 роден е американски илузионист Хари Худини. Тој бил господар на магијата, актер и продуцент. За неговите трикови и приказни се раскажува и денес, а Google во негова чест денес го промени своето лого.


Во само еден миг ги ослободувал оковите или лисиците, а е најпознат по неговите ѓаволии на ослободување од невозможна ситуација како затворен резервоар полн со вода, додека сите негови екстремитети се оковани со синџири.
Познатиот илузионист секогаш бил предизвик за полицијата да го уапси со цел да се покаже колку лесно може да се ослободи од лисиците, па затоа не е чудно што неговиот прекар бил "крал на лисиците".

Худини е роден на 24 Март 1874, во Унгарија под името Ерик Вајс. Со родителите во 1878 год се преселил во Америка.
Во неговата биографија се вели дека тој одлучил да го смени своето име во Хари Худини по моделот на големиот француски волшебник Жан Роберт Худини.

Кога сфатил дека сака да биде илузионист со денови дома ги практикувал триковите и не му требало многу да стане познат во целиот свет.

Тој се оженил на 19 години со неговата сопруга Вилхемиа Беатрис Рајнер која била секогаш со него. За жал, тие немале деца.

Тој има објавено неколку книги каде открива дел од своите тајни.

Иако се обидуваал да ги објасни своите трикови, има многу сомневања за него, а често се вели дека бил таен агент.

Според официјалната верзија, последната точка на Худини била во Гарик театарот. Сведоци тврделе дека за неговата смрт е одговорен ученикот Ј. Гордон Вајтхед, кој тврдел дека илузионистот не можел да ги издржи неговите удари во стомакот  од болка и дека сите приказни за Худини биле чиста измислица. Американскиот илузионист, сепак, ги покажувал своите стомачни плочки и дозволувал да го удраат во пределот на стомакот. Му овозможил и на Вајтхед, но не се подготвил за ударот кој му го задал противникот и со сета сила го удрил неколку пати.

Сепак, денес постојат многу шпекулации околу неговата смрт. Години подоцна, истрагата е водена и некои работи не се вклоувале. Една од претпоставките е дека тој бил отруен со арсеник.

Американците и денес често го спомнуваат големиот илузионист, кој се уште се смета за еден од најголемите.

Hits: 1304
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...