Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Забава Занимливости Денес покрај Земјата поминува астероид со големина на автомобил

Денес покрај Земјата поминува астероид со големина на автомобил

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Астероид со големина на автомобил денеска ќе помине блиску до Земјата, и научниците од НАСА  велат дека не постои опасност од судир.

Телото со пречник од околу 3 метри кое се нарекува 2011 CA7  ќе прелета на растојание од 103.480 километри од нашата планета. Астрономите го откриле на почетокот на овој месец.
Според  Jet Propulsion Laboratory на НАСА во Пасадена, најблиску ќе бидe во 18:25 часот по наше време.

Пред само неколку дена, на 4 Февруари друг астероид - 2011 CQ 1 долг  1,3 метри поминa во близина на Земјата, на растојание од само 5.471 км!

Месечината од Земјата е одалечена 384.402 километри. Значи, 2011 CA7 ќе лета на надморска височина од помалку од една третина од оддалеченоста од Месечината до Земјата, и треба да биде видлив за аматерските телескопи.

Како и останатите така и 2011 CA7  не претставува закана за Земјата. Дури и кога би влегол во атмосферата на земјата ќе изгоре пред да падне на површината.

Научниците велат дека слични астероиди со таква големина често поминуваат  помеѓу Месечината и Земјата, и поради нивната мала големина и тешко да се откријат.

Астрономите на НАСА и други агенции и опсерватории редовно го следaт движењето на кометите и астероидите со цел на времено да откријат потенцијално опасни тела. Главно претставуваaт закана за Земјата карпи поголеми од 150 метри.

Астрономите  велат дека астероидот може да се види со подобро аматерски телескоп, сепак ќе биде премногу мал за да се побара во небото.

Аматерски телескопи ќе можат да гледаат никакви детали на телото. Тој ќе изгледа како мала ѕвезда. На овој ден повеќе вреди да се гледа Сатурн, што е речиси во опозиција. Слична тела речиси секојдневно минуваат покрај Земјата. Фасцинантно е тоа што се денес можеме да видиме, иако тие не се толку блиску.-изјавиле од  Наса.

Hits: 387
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...