Иако модерниот ултразвук може да го одреди полот на детето најрано по 20-тата недела на бременоста, грешки често се случуваат.
И покрај големиот број на верувањата, една научна студија покажа дека мајчинскиот инстинкт е најпрецизен метод на предвидување. Дури 71 проценти од бремените жени се во можност да го погодат полот на детето според сопственото искуство.

Најпопуларното верување вели, ако жената го носи бебето високо и широко, бебето е женско.
Кога срцето кажуваНа ултразвучно испитување кај гинеколог прашајте го колку отчукувања на срцето има детето. Поточно, верувањата велат дека, ако бебето има повеќе од 140 отчукувања во минута тоа е одлична можност дека мајката носи девојче. Ако бројот е помал, тогаш, наводно се очекува да се роди момче.
Слатки и солениСпоред старите митови, желбата за слатка храна и овошје за време на бременоста, како што е желбата за сладолед или колачи, значи дека бебето е женско. Ако мајката не може да се засити со доволно солена и кисела храна, тогаш тоа е одговор дека е момче.
Математиката на МаитеЛегендата кажува дека античките Маи со голема точност го утврдувале полот на неродените деца. Ги споредувале годините на мајката за време на зачнувањето и годината во која таа забременила. Ако еден број бил непарен, а другиот парен, тогаш жената носи момче. Ако двата броја се парни или непарни, детето е женско.
Трикот со клучевитеТреба да ги поставите клучевите пред бремената жени, и да почекате да го подигне. Ако го фати краткиот дел од клучот, тој што влегува во клучалката, тогаш детето е женско, а ако го фати клучот за тркалезниот дел, тогаш детето е од машки пол.
Лицето на мајкатаИако се верува дека на сите бремени жени им се подобрува тенот и им се чисти лицето, не може секогаш да биде така. Тврдењето вели дека на бремените жени на кои им се влошува тенот, ќе имаат девојче, а оние со чист и убав тен ќе родат момче.
Прстенот нека кажеВенчалниот прстен се врзува за конец. Потоа се става над стомакот и се набљудува неговото движење. Ако прстенот се врти во круг, се очекува машко дете. Ако прстенот се движи напред - назад, тогаш се очекува женско дете.
Мачнина за време на бременостСтарата приказна вели дека жените кои чувствуваат интензивна мачнина во првите месеци од бременоста, а често и подоцна, носат женско дете. Ако сте бремени со машко, мајката, очигледно не чувствува мачнина, само благи симптоми.
Студени нозеСлабата циркулација и студените нозете укажуваат на момче.
