Раскошно опремениот „Ербас“ А380 во сопственост на авиокомпанијата „Емиратес“, што лета од Манчестер до Дубаи, е најлуксузно опремениот авион на светот, пишува „Дејли меил“.

Секој патник кој ќе си го дозволи летањето со овој авион, на располагање има телевизор, кревет со постелнина по желба, мини бар и многу други привилегии.
Храната се служи во најквалитетен порцелан, во сребрен есцајг, и може да се спореди со онаа од најдобрите светски ресторани.

Патниците кои сакаат да се освежат, можат да уживаат во луксузно опремени бањи со хидромасажен туш, а козметиката која се продава на летот е специјално произведена за Емиратес, од познатата компанија „Булгари“.
Вообичаено ваков тип на авион има капацитет од 800 седишта, но „Ербас“ за сметка на комфорот го намалил бројот на 500 места во бизнис класа и 14 апартмани.
Задоволството да се лета со најлуксузно опремениот авион, чини од 3.086 до 3.600 евра.

Email This
Hits: 334
Коментари (0)

Што мислите за оваа вест



































