Со цел да предупредат на опасноста на конзумирање алкохол за време на бременоста, властите во италијанскиот град Тревизо провинција Венето покренаа шокантна кампања. Плакатот со фетус во коктел чаша предизвика згрозување.

Новата кампања го прикажува фетусот склопчен на дното на чашата, под коцките мраз и парчиња портокал, а пораката која стои на шокантната слика е „Кога мама пие и детето пие“.
Оваа кампања е покрената во италијанскиот град Тревизо регион Венето, а на плакатот е претставен пијалокот кој е специфичен за тој крај - шприцер, кој е микс на бело вино, Кампари и газирана вода.
Рекламата ќе се појавува на автобусите, билбордите, во женските вециња по баровите, рестораните и ноќните клубови.
На оваа кампања властите се одлучија откако едно истражување покажа дека дури 63% од италијанските трудници конзумираат алкохол, додека во Венето тоа го прават 67% од жените.
Email This
Hits: 393
Коментари (0)

Што мислите за оваа вест



































