Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Забава Забава Талисмани и амулети за среќен живот

Талисмани и амулети за среќен живот

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Магични ламби, риби што зборуваат, волшебни огледала - тие живеат само во приказните кој сме ги слушале како мали. Но во некои предмети многумина веруваат и денес, а може да ги сретнеме како талисмани или амулети, кои ни помагаат.



Што се талисманите и амулетите?

Обично тоа се предмети, наелектризирани со позитивна енергија, со помош на која ни помагаат да исполниме некои желби. За финансиски успех, професионален развој, семејна среќа, заштита од проблеми или едноставно за да се чувствувате добро - тоа е само мал дел од листата на волшебството на талисманите и амулетите. Во зависност од намената имаат различна форма - може да се и фигури на човек, животно, растение, монети, свети натписи или симболи на античките религии. Многу луѓе не ја знаат разликата помеѓу талисманите и амулетите, но сепак таа постои:

Талисманите
се прават лично за себе односно за да се усогласи енергијата на сопственикот и талисманот. Не е познато дали предметот мора да биде изложен на виделина за да има влијание или не. Некои го носат како скапоцен камен (елемент од белегзија, ѓердан или прстен), а други го носат пришиен на облеката или го кријат во паричникот. Препорачливо е да е направен од природни материјали. Најважен услов за правилно функционирање на талисманот е вербата, бидејќи тој го исполнува она што е во мислите и што сакаме да се случи.
Внимание! Талисманите немаат никакво влијание ако желбата ви е, да му наштети на некого.

Амулетите
ја чуваат позитивна енергија кон сопственикот. Често тоа се предмети со одредена симболика, кои се чуваат во домот како олицетворение на аспирациите и желбите.

Во канцеларија

За да се постигне побрзо успех и реализација на професионален план, некои го украсуваат бирото со различни амулети.

Желка - обезбедува поддршка и соработка со соодветни луѓе и истовремено го штити сопственикот од завидни луѓе;

Слон - ќе му помогне на сопственикот да најде решение за тешки прашања;

Свиња - симбол на богатство, профит и плодност, па затоа е еден од заедничките чувари на нашите заштеди;

Риба - древен христијански симбол, за кого денес се смета дека носи успеси на сопственикот.

Во домот

Домот е местото во кое човек го гради својот живот, затоа тој прави максималното да го зачува сигурен и спокоен. Едно од неговите оружје се талисманите и амулетите, кои  го пазат.

Вазни, саксии и други керамички садови - го сплотуваат семејството и ја држат куќата полна. Пожелно е да не ги оставате празни.

Живи растенија
- зелените растенија даваат позитивна енергија. Најмногу распространети се бамбус, дрвото на среќата и дрвото на парите.

Фигура на слонче - ќе ја задржи љубовта на блиските и ја гарантира нивната верност.

Змеј - древен симбол на долговечноста, кој го штити домот од непријатели и зли сили.

Според фенг шуи соодветен амулет во домот е и огледалото.

Египќаните веруваат дека се украсува домот со слики или фигури на мачки, тие ќе го зачуваат семејниот комфорт.

За среќа во љубовта

Задолжителен е талисман или амулет во пар - на пример: Слика на пар птици. Патките се олицетворение на брачна верност и среќен брак, лебедите - на силна љубов, а гулабите се сметаат за пратеници на Венера - римската божица на љубовта.


Друга намена на талисманот и амулетот

За финансиска благосостојба се препорачува фигура на Буда - врховен бог на богатството и среќата. Тој ќе ви донесе пари и професионални успеси.

Против завист и црни магии носете „Око на Медуза„ (познато уште како око на пророкот) - син камен, личи на човечко око. Тој има способност да го одразува лошиот поглед и да го враќа назад, кој тој што го испраќа.

Најпознатиот талисман на среќата е детелина со четири листа. Бидејќи се јавува ретко, таа е исклучително вредна за сопственикот. Листовите ја симболизираат верата, надежта, љубовта и среќата.

Ако некој ви подари амајлија или амулет, треба да го „откупите„ симболично - така официјално станувате негов сопственик. И не заборавајте  ако најдете талисман, замислете си желба!

 

Hits: 920
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...