Празничните народни верувања заземаат важно место меѓу изобилството од традиции и обичаи за Бадник, Божиќ и Нова година. Едни се почитуваат, за да бидеме здрави, други - за да имаме пари, трети - за да бидеме милостиви по природа. Еве некои од најчестите празнични верувања.
Народни верувања за Бадник
Според народните верувања на Бадник излегуваат демони и шетаат до 6-ти јануари (кога е Христовото раѓање). Затоа се става една глава лук во џебот и на овој начин се бркаат злите духови. Не смее да се излегува надвор без него.
Лебчето за празникот не треба да го меси немажена девојка, бидејќи ако склучи брак пред новата година, ќе го изнесе изобилството од домот на своите родители. Парче од лебчето се става под перница и кое момче ќе го сонува немажената девојка, тој ќе ја земе за жена.
Празничните народни верувања се директно поврзани со трпезата на Бадник. На масата задолжително се става глава лук кој го означува имотот на семејството. На празничната трпеза треба да има и ореви и секој си избира еден. Ако оревите се убави и вкусни, сопственикот е здрав во годината која следи. Ако се гнили - се очекуваат тешкотии. Празничното лебче се чува на високо, за да пораснат високо житните класја односно годината да дава род.
На Бадник никој не треба да станува од масата. Во спротивно, житото ќе се разлее, а семејството ќе се разедини. Ако сепак треба да се стане од масата, само најстариот има право да стане.
Кога членовите на семејството се собираат на празничната трпеза, тие треба да остават одредено растојание меѓу себе, за да има место и за мртвите. Маса не се крева, бидејќи мртвите, исто така доаѓаат на вечера. Вратите се остават отворени за да можат тие да се движат слободно низ куќата.
Божиќните песни ги гонат злите духови од дома. Кај нас тие верувања се поврзуваат со коледарите, но ова е распространето и во западните култури.
Ако на 25-ти декември е сончево и топло, тоа не е добар знак за фармата. Ако, пак, врне снег, годината ќе биде плодна и ќе се ројат пчели. Она што ќе го посакате на Божиќ, тоа ќе се исполни.
Празнични народни верувања за Нова година и Василица
На 31-ви декември домот треба да биде чист и уреден за да започне годината "на чисто" и да ги однесе со себе минатогодишните проблеми.
Трпезата треба да е богата, а јадењата - различни, за да биде плодна новата година и да има леб за сите. Ако сте обожаватели на морски плодови, треба да се воздржите. На овој празник чинија со морски плодови се забранети, за да не оди годината назад.
Ако ја пречекувате Новата година во странство, значи дека ве очекуваат патувања и во следната.
Во новогодишната ноќ во џебовите на вашата облека треба да има монети, за да бидете здрави.
Празнични народни верувања
Едно од празничните верувања вели дека жените треба да бидат облечени во најновите алишта, за да ја задржат убавина и во новата година. Под облеката пак треба да носат црвена долна облека - така ќе им оди во љубовта.
Народните верувања гласат дека ако на 31-ви декември има снег, нивите ќе се плодни. Ако небото е јасно и ѕвездите се гледаат, ќе има многу овошје во градината.
На Нова година и на Василица не се дава заем, за да не излезе богатството од дома.
На 1-ви јануари не се исфрла ѓубре, за да не "избега" среќата.
Ако некој кивне на празничната трпеза на Василица тоа е на убаво.
Дали вие верувате во некои од овие празнични народни верувања?
























