Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Забава Забава Неколку интересни вистини за соништата

Неколку интересни вистини за соништата

Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 

Спиењето изгледа една од најлесните работи што може да му се случат на секој човек.

Но меѓутоа не е се така лесно како што изгледа, следуваат неколку факти и вистини за спиењето и сонувањето.

Не може да не сте сонувале!
Секое човечко суштество сонува, освен во некои случаи на екстремни психолошки пореметување. Ако мислите дека не сонувате, тоа само значи дека ги заборавате соновите.

Исклучиво сонуваме лица кои ги познаваме!
Нашиот мозок не измислува лица – во нашите соништа гледаме вистински лица кои некогаш сме ги виделе, а кои и не мора да ги памтиме.
Сите сме виделе илјадници лица низ животот, па затоа имаме непотрошни залихи на лица кои нашиот мозок ги покажува во соновите.

Сонуваме секоја вечер, но забораваме 90 отсто од нашите соништа!
Во првите 5 минути од будењето забраваме половина од нашите сонови, во првите 10 минути забораваме дури 90% од соновите.

Соновите се симболични!
Доколку сонувате на одредена тема, најверојатно сонот всушност и се однесува на тоа. Соновите зборуваат во длабоко симболичен јазик. Каква и да е симболиката на сонот, најверојатно се однесува на самото тоа што го сонувате.

Сите сонуваат. И слепите!
Луѓето кои ослепеле по раѓањето можат да гледаат слики во нивните сонови.
Луѓето кои се родени слепи не гледаат слики, но имаат исто толку живи соништа користејќи ги другите сетила за звук, мирис, допир и чувства.

Има и црно-бели соништа!
Цели 12% од луѓето сонуваат исклучиво во црно и бело. Останатите сонуваат во боја. Студии направени од 1915 до 1950 покажуваат дека повеќето сонови се во црно и бело, но овие резултати почнуваат да се менуваат во 1960 година.
Денес, само 4.4% од соновите на оние под 25 години се во црно и бело. Скорешни студии покажуваат дека ова можеби е поврзано со менување на телевизијата од црно и бело во боја.

Нетрпеливи соништа!
Најчесто чувство во соновите е чувството на нетрпеливост. Лошите чувства се многу почести од убавите.

4 до 7 сонови во една вечер!
Во просек, можете да сонувате од 1 до 2 часа секоја вечер.

И животните сонуваат!
Повеќе студии се направени врз различни видови на животни и сите покажуваат исти мозочни бранови кај животни и кај луѓето кога сонуваат.
Набљудувајте куче кога спие. Шепите им се движат како да трчаат и испуштаат чудни звуци како да бркаат плен во сонот.

Мажите и жените сонуваат различно!
Мажите во суштина повеќе сонуваат други мажи. Околу 70% од карактерите во сонот на мажот се други мажи. Од друга страна пак, сонот на жената содржи еднаков број на мажи и жени. Исто така, мажите во принцип имаат поагресивни сонови од жените.

Од сон до предвидување!
Резултатите од неколку истражувања покажуваат дека 18% до 38% од луѓето имале барем еден сон во кој сонувале нешто што ќе им се случи, а 70% доживеале дежаву.

 

Hits: 1636
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...