Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Забава Забава Што открива неговиот бакнеж

Што открива неговиот бакнеж

Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 

Ќе бидете изненадени кога ќе дознаете што можете да откриете за мажот само на основа на неговите усни и бакнежи ...

Отворени очи
За разлика од жените, кои романтичните моменти обично ги "зачинуваат" со спуштени очни капаци, кога станува збор за бакнување, мажите сакаат да ги задржат своите очи отворени. Ова за нив е знак дека целосно уживаат во моментот - разбирливо ако се земе предвид дека се визуелисти, особено кога станува збор за секс.

Со навалена глава

Додека усните опасно ви се приближуваат, а тој се обидува да најде најдобра позиција навалувајќи ја главата, знајте дека се работи за маж подготвен за компромис. Додека пак оној маж на кој целта му е "право во мета" (Преведено: има директен пристап), повеќе е ориентиран кон своите потреби.

Немирен јазик

Ако слободно оди во напад не криејќи го "активниот" јазик, станува збор за многу страсен маж. Ако повеќе се однесува како радосен Бернардинец, а помалку како некој кој знае каде е границата, веројатно е себичен. Ако мисли дека за првиот бакнеж усните се само доволно, можеби се плаши да не биде погрешно разбран.

Техника

Мажот кој го задржува истиот ритам во текот на целиот бакнеж, а при тоа не се прилагодува на вашата брзина и интензитет, е неприлагодлив! А оној кој совршено се вклопува во вашиот ритам, може да се каже дека знае да комуницира со жени.

 

Hits: 1167
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...