Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Забава Забава Начинот на кој се шминкате зборува за вашиот карактер

Начинот на кој се шминкате зборува за вашиот карактер

Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 
Италијански психолози направија една интересна студија за поврзаноста на разубавувањето и карактеристиките на личноста.

Дамите кои воопшто не користат шминка, испраќаат јасна порака дека тие сакаат да бидат прифатени и дека некој ги сака како што се, без "маска".

Жените кои постојано се во потрага по огледало и ја проверуваат маскарата или карминот, многу се амбициозни, но исто така несигурни, и даваат големо значење за мислењето на другите.

Луѓето кои ги шминкаат само очите сакаат да стават акцент на својот интелект, додека дамите кои ги нагласуваат само усните покажуваат страст.

Ако шминката речиси е незабележлива, психолозите тоа го толкуваат како страв од стареењето и желбата да се запре времето. Овој начин го практикуваат дискретни поединци кои сакаат мистерии.

Што ни кажуваат лакираните нокти?


Дамите кои секогаш имаат лак на рацете и нозете ја изразуваат својата  женска природа. Oние кои ги лакираат само ноктите на рацете, сакаат да имаат сè под контрола, а ако им е  важно да имаат само налакирани нокти на нозете, тоа ја покажува нивната желба да му се допаднат на сексуалниот партнер.

Претерано долги нокти ја покажува егоцентричната природа.

Жените кои најчесто користат бела боја се нежни и срамежливи, а розовите тонови откриваат романтична личност.

Личностите кои сакаат безбоен лак се уредни.


Hits: 1609
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...