Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Забава Забава Игри за одржување на мозочната кондиција

Игри за одржување на мозочната кондиција

Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 

Истражувањето спроведено на Универзитетот во Мичиген тврди не само што загатките ја намалуваат можноста од деменција, но тие драматично ја подобруваат меморијата.

Ние ви донесуваме некои игри кои се како вежби за вашиот мозок и чија функција е вашиот ум да го доведе во права состојба.

Именување на боите
Оваа игра е наменета за концентрација. Изговорете ја брзо и на глас бојата со која се обоени буквите, немојте да ги читате зборовите. Повторете ја оваа постапка за да видите дали можете овој пат успешно да ја извршите.
Во само 7 зборови
Тестирајте ја вашата креативност. Обидете се да напишете краток расказ со само 7 зборови. Овој тест треба да ја зголеми ефикасноста на вашиот фронтален лобус на мозокот, и да ви помогне во секојдневниот живот. Дали сте знаеле дека креативноста е една од најважните карактеристики на генијалците?

Ден за спротивности

Овој тест е наменет за креирање на нови нервни врски во мозокот, и се врши со помош на вашата не-доминантна рака. Ако сте деснак користете ја левата рака, а ако сте левак извршувајте сè со десната рака. Користете ја не-доминантната рака, додека ги вршите секојдневните задачи, на пример четкање на забите, чешлање или јадење, па дури  обидете се и да пишувате. Со текот на времето, ќе се создадат нови неврони, а користењето на спротивната рака ќе е полесно.

Брз преглед

Оваа игра е чиста телесна вежба за вашата моќ на набљудување. Ваша задача е да ја набљудувате сликата една минута, потоа спуштете го прозорецот или исклучите го екранот и на лист хартија запишете ги сите работи што ги забележавте на сликата. Обидете се повторно, само што овој пат бидете повеќе сконцентрирани. Подобар резултат ви е загарантиран.
Броење наназад
Оваа мозочна вежба е совршена за да го одржите вашиот ум остар и јасен. Пробајте со овие три едноставни вежби со одземање:

Почнете од бројот 200, се бројте наназад со одземање на 5 - 200, 195, 190 ..

Почнете од бројот 150, бројте наназад со одземање на 7 - 150, 143, 136 ..

Почнете од бројот 100, бројте наназад со одземање на 3 - 100, 97, 94 ...

За да го направите животот полесен, мора да се здобиете со навика на пишување потсетници, бидејќи на тој начин, во моменти на стрес и анксиозност, кои можат да влијаат на вашата меморија, ќе имате сè под контрола и ништо нема да оставите на случајот. Не само што ќе ви користи во вашиот личен живот, но запишувањето на потсетници многу корисно е  и на работното место

Hits: 963
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...