Многу жени тешко е да видат дали нивното однесување е соодветно кон партнерот и се обидуваат да се премногу со него, занемарувајќи ги своите потреби. Други пак, научени од негативните искуства од минатото не сакаат многу да се трудат околу партнерот за тој да не сфати сè "здраво за готово"... Затоа решете го тестот и видете каква девојка сте за својот партнер.

1. После работа се враќате дома и вашиот дечко ве прашува што би сакале да имате за вечера. Вие одговарате:
- а) О, ми се јаде пица, а тебе? Да порачаме?
- б) Што ти сакаш, да направиме лазања или нешто?
- в) Веќе јадев
2. Што последно му купивте?
- а) Чоколадо за Денот на вљубените
- б) Му купивте Play Station без никаква посебна причина
- в) Му дадовте гума за џвакање пред некој ден, и тоа важи нели?
3. Вашиот дечко е болен и има температура. Што ќе правите?
- а) Доаѓате кај него и му носите овошје и сок
- б) Ги откажувате сите ваши планови и сте околу него со цел да му помогнете во секое време
- в) Искажувате жалење дека е болен и му велите дека ќе се слушнете подоцна
4. Саботата вашиот дечко ја прогласил за "машка ноќ". Што ќе правите?
- а) Ќе одите со пријателката на вечера или во кино
- б) Ќе останете дома, ќе гледате телевизија и ќе го чекате него
- в) Ќе излезете со еден пријател или малку ќе флертувате со други
5. Им кажувате на пријателите дека вашиот дечко ќе излезе со вас. Како ќе реагираат?
- а) Ќе бидат среќни дека заедно излегувате сите и ќе прашаат дали ќе дојдат и неговите пријатели.
- б) Веќе претпоставуваа дека тој нема да остане сам дома
- в) Не знаат дека имате дечко
6. Родителите ве прашуваат кога ќе можат да го запознаат вашиот дечко. Одговарате:
- а) Овој петок можеме да организираме вечера
- б) Возбудени сте и планирате да поминете викенд заедно
- в) Им велите дека е премногу рано да се запознаат
7. Сте купиле фустан, му го покажувате на вашиот дечко и нему не му се допаѓа. Како ќе реагирате?
- а) Важно е дека вам ви се допаѓа
- б) Утре назад го враќате во продавницата и го променувате за нешто друго
- в) Му држите говор во кој објаснувате дека немате намера за него да се промените
Одговори:
Најмногу одговори под "А":
Вие сте тип на девојка која сите ја сакаат. Независни сте доволно за да можете да се забавувате сами, но не и наметливи, но сепак ви е потребен тој. Вие сте во можност да разговарате со него кога му е потребен совет, да се забавувате со него или да се дружите во пошироко друштво. Но, не се оптоварувајте премногу со врската, иако таа ви е важна
Најмногу одговори под "Б":
Откако сте заедно, вашиот живот е исполнет на удоволување, а со тоа и запоставување на своите пријатели. Иако за ова можеби не сте свесен, вашето "јас" се губи и станувате зависни од него и неговото расположение. Треба да го смените своето однесување и начинот на размислување, или да се откажете од ваквата врска бидејќи тоа за вас е невообичаено однесување.
Најмногу одговори под "В":
Може да се запрашате дали воопшто сте во врска поради вашето однесување. Момчето кое е со вас е ниско на вашата листата на приоритети и во овој моментот да прекинете нема многу да ви недостасува. Размислете дали ви се допаѓа вашиот дечко или така се однесувате од страв дека сте повредени, па се обидувате да имате поголемо влијание во врската.
























