Email This
Hits: 703
Коментари (1)

Што мислите за оваа вест
Sunday, Feb 05th
Апдејт:04:05:39 PM GMT
Авионот од марката Ербас А-320 на Мексиканската авиокомпанија имал блиска средба со НЛО кога преминувале над главниот град Мексико Сити.
Авионот во еден момент се нашол неколку стотици метри од топчестиот летечки објект кој имал метален одсјај.
Пилотите биле збунети затоа што објектот ја менувал бојата од сребрена до металик црвена. Авион се движел кон источниот дел од Мексико Сити, додека НЛО-то се движел во спротивен правец .
Според неофицијални податоци, НЛО-то визуелно успеале да го идентификуваат, благодарение на одличните временски услови, и летањето на надморска височина од околу 10.000 метри.
Овој дел од градот, е познат по своите многубројни канали за вода, кои потекнуваат од времето на Астеките. Неколку дена претходно видени се слични летачки објекти со топчеста форма метален сјај, а само ден пред оваа случка Даниел Санчес успеал со својата камера да сними и видео.
"Првиот објект го видов случајно околу пладне, и се движеше во областа на вулканите. Следниот ден околу 15:40 часот видов некој вид на флота, и успеав да го снимам, а на снимката во позадината се гледа и авионот. Највпечатлива беше големата топка која ги привлекуваше околу себе помалите", раскажува Санчез.


Месецот во кој сте родени ја одредува вашата професија, открива студијата спроведена на... Повеќе...
Дали се пронаоѓате во молитвите на хороскопските знаци? ... Повеќе...
Многу жени тешко е да видат дали нивното однесување е соодветно кон... Повеќе...
На крајот на септември во Еквадор во Сан Маркос Кито (центарот на градот), e снимена... Повеќе...




