Ото Скорцини, Хитлеров командант на единица за посебни намени во својата автобиографија тврди дека со перница го задушил големиот гение во неговата хотелска соба на Божик во 1943 година.

Во ноќта на 15 јули во 1903 година, Тесла со своите откритија „го запалил“ небото над Њујорк, а сјајот се разлеал и над непрегледните пространства на Атланскиот Океан. Тоа било само вовед во она што веројатно би следело, ако Тесла не прекинел со експериментите.
Се работи за следново. Напонската разлика меѓу јоносферата и земјината површина изнесува околу 2 милиона волти. Замислата на Тесла била таа разлика да се употреби за добивање на електрична енергија и да се искористи во практични цели. Имено, со испраќање на различни (хармонични) вибрации, кулата на Тесла би можела да влезе во меѓудејство со зачестените долги бранови на јоносферата и така да ја испразни, како што се празнат обичните електрични кондензатори. Среќа е што Тесла прв дошол до тие сознанија и ги подготвил луѓето да се заштитат. Имено, ако тоа празнење би се извршило стихијно може да дојде до стравични последици кои ги опишал др. Велимир Абрамовиќ:
- Од јоносферата одеднаш до земјата би допрел високо енергетски столб на плазма со голем пречник, можеби и неколку стотици километри и на тој простор се би било уништетно, запалено на начин како што во библиските легенди се опишува пропаста на Содома и Гомора.
Меѓутоа, Тесла не ја отфрлил можноста експериментите да продолжат кога за тоа ќе дојде време и за тоа вели:
„Мојот проект беше одложен од природните закони. Светот за него се уште не беше подготвен. Беше премногу пред времето во кој настана. Но, истите тие природни закони на крајот ќе надвладеат и проектот ќе се повтори со победоносен успех“.
Инаку, Тесла осамен и несфатен, последните 20 години од својот живот ги поминал работејќи на теории и проекти кои биле далеку пред времето во кое живеел.
„ФИЛАДЕЛФИСКИ ЕКСПЕРИМЕНТ“Според др. Абрамовиќ, американската армија била заинтересирана за некои од тие теории и биле подготвени со практични проекти да ја проверат нивната вредност. Еден од нив е и „Проектот Реинбоу“, познат како „Филаделфиски експеримент“. Тој може да се поврзе со навестувањата на Тесла дека преку електромагнетните полиња се врши поместување во времето и просторот. Целта на тој проект била бродовите да се направат „невидливи“ за радари.
Која е улогата на Тесла во тој „проект за невидливост“?
На Универзитетот Принстон во 1933 година бил основан „Завод за напредни студии“ во кој биле и водечките научници Алберт Ајнштајн и Џон фон Нојман. Кога во 1936 година „проектот за невидливост“ бил префрлен на Принстонскиот Универзитет, Тесла бил назначен за директор на групата која работела на тој проект. До 1940 година биле извршени успешни проби на мали бродови во военото бродоградилиште Бруклин. Со тоа биле создадени услови експериментот да се изврши со разорувач „Елдрич ДЕ-173“. Меѓутоа, во тек на развојот на програмата дошло до сериозни судири меѓу Тесла и фон Нојман. Имено, свесен за можните опасности по здравјето и животот, Тесла бил против присуство на екипаж на бродот за време на експериментот. По тој повод во март 1942 година дошло до сериозна расправија со фон Нојман, а потоа Тесла се повлекол од проектот за невидливост. Десет месеци подоцна Тесла починал на православен Божик на 7 јануари 1943 година.
ТВРДЕЊЕТО НА СКОРЦИНИКако млад соработник, Ал Биелек учествувал во „проектот за навидливост“. Тој тврди дека Тесла бил убиен „бидејќи многу знаел“. Со убиството е поврзан најспособниот командант на Хитлер, на единица за посебни намени, Ото Скорцини. Меѓу другото тој организирал апсење на Хорти во Унгарија и успешно спасување на Мусолини во Италија.
По војната му било дозволено непречено да престојува во Шпанија за време на владеењето на Франко. Во своите мемоари Скорцини пишува дека лично го убил Никола Тесла, задушувајќи го со перница. Ова сомнително тврдење, нацистот го поткрепува со изјавата дека повеќе пати со подморница патувал до Америка.
Сепак преовладува мислењето дека Тесла починал од природна смрт за што др. Абрамовиќ вели:
- Самата смрт на Тесла беше еден вид негова лична свеченост и повеќе изгледаше на свесно преселување на душата во друг план на постоење, отколку на смрт на некој обичен славен човек, збунет и исплашен пред самоолеснувањето. Два дена пред да почине, Тесла престанал да работи и се затворил во хотелската соба барајќи никој да не го вознемирува. Кога директорот на хотелот и собарката конечно влегле, го затекнале елегантно облечен како лежи мртов со раце прекрстени на градите, целосно подготвен за сопствената смрт.
МИСТЕРИИВо бројните мистерии за Тесла, посебно е интересна причината за прикривање на важни појави од неговиот живот. Проучувајќи ја таа област др. Абрамовиќ дошол до неочекувани откритија. Како што пишува во „Трето око“, тој смета дека од јавноста намерно е скриен значителен дел од научниот труд на Тесла, потоа неговиот лик на филм, снимки од неговиот глас и единствениот портрет.
Мистеријата е продлабочена од неколку податоци. На пример, Тесла бил сниман повеќе пати, а најдолго во 1936 година, кога бил сниман три и пол часа звучен филм по повод неговиот 80-ти роденден. Во јавноста го нема ни гласот на Тесла, иако тој работел токму кај Едисон и бил еден од првите луѓе во светот кој можел да користи тонски запис. Го нема ни портретот кој го насликала грофицата Сент Паралји, признаена сликарка на портрети на најпознатите Американци од тоа време. Доктор Абрамовиќ понатаму смета дека илјадници физичари во светот „сите свои надежи ги полагаат во оживување на идеите на Тесла и неговите технички решенија кои треба да доведат до владеење на времето во психолошките, биолошки и физички процеси“.