Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Забава Мистерии Како ќе изгледаат законите на иднината?

Како ќе изгледаат законите на иднината?

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Од војни против дрога, преку хомосексуални бракови до интернетска пиратерија, вечна трка за промена на животните околности и закони, кои се следат во чекор, сигурно ќе продолжат и во иднина.

Како ќе изгледа законодавството за неколку десетици или стотици години и кои се оние работи кои треба да се регулираат на овој начин, а на нас, кои живееме на почетокот на 21 век се уште ни делуваат како СФ? Порталот Cracked.com изнесува некои интересни идеи и а ние ви пренесуваме дел од нив.

1. Ограничување на животот/број на деца

Ова е една тема која е дискутирана во последната деценија, а најавата за луѓето кои ќе живеат стотици или илјадници години, сè помалку и помалку делува како бујна фантазија, но сè повеќе како нешто сосема веројатно.

Како луѓе кои ќе живеат 20 или повеќе просечни животни векови, ќе го променат светот, тешко е да се шпекулира. Она што го знаеме е дека ова веројатно ќе го смени секој аспект на нашиот живот, од начинот на кој растеме, се образуваме, стапуваме во брак, имаме деца, остваруваме кариера, и се разбира, умираме.

Некои футоролози предвидуваат дека иднината за луѓето ќе има две опции - ќе можат да избираат меѓу имање на деца и нормален живот, или откажување од деца во замена за долг живот. Едноставно кажано, нашата планета нема да има доволно простор и ресурси да го одржува светот во кој се раѓаат милиони деца секој ден, а никој не умира.

Се разбира, постојат и оние кои предвидуваат дека долговечноста ќе биде достапна само на богатите, а сиромашните и понатаму ќе живеат и умираат како што е до сега, со што социјалниот јаз помеѓу оние кои имаат и оние кои немаат ќе се продлабочи до невидени размери. Силно се надеваме дека овие темни претскажувањето нема да се постигнат.

2. Генетска дискриминација

На 26 Јуни 2000 година, американската и британската влада, заеднички објавија дека научниците конечно успеа да мапираат човечки ген. Светот го задржа својот здив за момент, одмавна со раката и продолжи да чека во долгите редови за нова книга на Хари Потер. И на крај на краиштата што значи ова за нив?

На 2 Септември 2009 година, жена го раѓа првото дете, чија ДНК беше скенирана и тестирана пред да дојде на свет. Светот повторно уште еднаш одмавна со раката и продолжи да зборува за вести од светот на шоу-бизнисот.

Од друга страна, дизајнерските бебиња станаа реалност, а експертите велат дека ќе бидат апсолутен хит за помалку од две децении. Уште од најраните денови во утробата, лекарите ќе знаат повеќе предиспозиции за развивање на одредени болести и однесување, а повеќето од нив ќе бидат во можност да ги „поправат„.

Можеби друштвото од почеток навистина нема да личи на она од филмот "Gattaca", но не заборавајте даека богатите и моќните ќе ги искористат предностите и во првата можност на своите деца ќе им дадат генетска предност во однос на другите "обични смртници", што секако ќе биде потребно таквите ситуации детално да се регулираат.



3. Промена на дефиницијата за родителство

Науката е на добар пат да се промени дефиницијата на многу работи кои ги земаме здраво за готово и денес, а родителите не се исклучок. Веќе и денес има потомци кои произлегуваат од генетски материјал од три родители (иако, со оглед на тоа дека истражување на луѓето е илегално, овие видови на експерименти досега се вршат само на животни), а научниците знаат како да направат сперма од матични клетки, со што се брише потребата за татковци во класична смисла.

И пред да почнат да слават феминистките, знајте дека сме само неколку години одалечени од вештачки јајници и вештачка матка.

И, конечно, штом некој ќе открие како да направи пари од тоа, ќе имаме ДНК произведена во лабораторија, која на овој начин за прв пат е синтетизирана уште во седумдесеттите години.

4. Нови закони за сексот

Една јапонска компанија неодамна најави дека до 2014 година, на пазарот ќе излезе првата капсула за виртуелна реалност, која ќе ги замати се помалку јасните граници помеѓу реалниот и виртуелниот свет. Исто така, експертите предвидуваат дека до 2050 година, во секси продавниците ќе се продаваат целосно функционални роботи за секс, кои за многумина веројатно ќе бидат подобри од "вистинската работа".

Како законот ќе биде дефиниран за секс со робот? Дали тој ќе се изедначи со порнографијата на интернет или со користење на сексуални играчки? Дали за тие роботи ќе важат истите закони како и за луѓето?

Во ред, сите знаеме дека никој нема право да осудува ако чесно плаќате за секс со робот кој изгледа како Натали Портман. Од друга страна, проблемот се појавува ако таа Натали биде онаа 10-годишната од филмот Леон. Дали таквото нешто ќе биде педофилија или легитимна фантазија?

Hits: 600
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...