Истражувачите за прв пат направија мајмуни создадени од клетки од три до шест различни ембриони на резус мајмуни.

Таквите животни кои содржат генетски далечни групи на клетки на повеќе од еден организам се нарекуваат "химерички."
Мајмуните се создадени со комбинирање на клетки од различни ембриони во рана фаза на развој и нивно имплантирање во женски, пренесува БиБиСи.
Научниците првин го оставија ембрионот да порасне четири дена, а по неколку дена 90 проценти од нив се зголемија до рани фази на бластоцисти, во кои содржеле најмалку два пати повеќе клетки, отколку обично.
Потоа химеричките ембриони биле вградени кај женки резус мајмуни, а тестовите потврдија дека органите и ткивата се составени од клетки со повеќе од еден ембрион. Така во американската лабораторија во Орегон, три животни се родени, од кои еден пар близнаци.
"Клетките никогаш не се спојуваат, но тие и понатаму остануваат да работат заедно на формирање на ткива и органи", вели ко-авторот на студијата Шукрат Миталипов, од медицинскиот и научен Универзитет во Портланд.
Со контроверзна техника создадените химерички резус мајмуни се нормални и здрави, без очигледни вродени дефекти, истакнуваат истражувачите.
Еден мајмун беше именуван Химера, додека близнаците беа наречени Року и Хекс, што значи шест на јапонски и на грчки јазик. Хекс е роден со спојување на шест поединечни ембриони. Иако сите три мајмуни се биолошки мажјаци, тестот на крвта покажа дека Року носи и машки и женски клетки.
"Според нашите познавања, ова се првите химерички примати во светот", велат истражувачите.
Научниот тим, кој резултатите од својата работа ги објави во журналот "Cell", вели дека ова може да биде од огромно значење за идните медицинските истражувања.

| Истражување од 60-тите години Химеричките животни се важни за истражувањето на развојот на ембрионот, но студиите досега беа ограничена на глувци. Првите химерички животните се создадени за време на шеесеттите години, кога експериментите со ембрионите на гливците покажаа дека нивната комбинација може да создаде еден глушец со нормална големина. Од тогаш, научниците создадоа химерички верзии на стаорци, зајаци, овци и говеда. |
Email This
Hits: 303
Коментари (1)

Што мислите за оваа вест