Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Забава Мистерии ВИДЕО: Се буди ли вулканот чудовиште кој е голема опасност за Европа?

ВИДЕО: Се буди ли вулканот чудовиште кој е голема опасност за Европа?

Ниво на корисникот: / 2
НајлошоНајдобро 

Заспан супер вулкан во Германија покажува загрижувачки знаци на будење.

Вулканот се наоѓа на околу 630 километри под езерото Лачер Си во близина на градот Бон и може да исфрли милијарди тони вулканска лава.

Ова чудовиште, според “Дејли меил“ еруптира на секои десет до 12 илјади години, а последен пат бил активен пред 12.900 години, така што ерупцијата се очекува во секој момент.

Во тој период, од прашина и камења било уништено подрачје од 100 километри, а неколку помали земјотреси во регионот кои се случиле во текот на минатата година укажуваат на тоа дека вулканот се буди од длабокиот сон.

Експертите веруваат дека доколку се активира, тоа може да предизвика големи штети, масовна евакуација, па дури и глобално заладување до кое би дошло по облакот прашина кој би го прекрил сонцето.

Се смета дека вулканот по големина и сила е сличен на оној во Монт Пинатубо на Филипините, кој бил активиран во 1991 година, што била најголемата ерупција во 20-от век.

Монт Пинатубо тогаш исфрлил десет милијарди тони лава, 20 милиони тони сулфурен диоксид, 16 кубици километри прашина и предизвикал глобален пад на температурите за 0,5 степени.

Вулканолозите веруваат дека вулканот под езерото е активен, бидејќи вода во езерото клокоти.

JavaScript is disabled!
To display this content, you need a JavaScript capable browser.

 

 

Hits: 635
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...