Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Забава Мистерии Мистериозна метална топка паднала од вселената во Африка

Мистериозна метална топка паднала од вселената во Африка

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Шест килограми тешка метална топка, со пречник од 35 центиметри, со непознато потекло, е пронајдена недалеку од еднo село во северниот дел на Намибија, околу 750 километри од престолнината Виндхук.

Како што соопштил Пол Лудик, началник на одделението за форензичарска медицина, селаните и полицајците од најблиската станица чуле неколку послаби експлозии на оддалеченост од околу три километри, а пет дена подоцна пронашле тркалезен метален објект.

Според неговите зборови, топката е празна и се состои од две споени половини.

Откриена е 18 метри од точката во која удрила, односно од кратерот со длабочина од 33 центиметри и ширина од околу четири метри.

Топката во изминатите неколку недели детално била анализирана. Бидејќи надлежните служби не успеале да го објаснат нејзиното потекло, во истрагата се вклучила и американската вселенска агенција НАСА и европската вселенска агенција “ЕСА“.

“Постои можност овој објект, кој паднал во Намибија, да потекнува од некое вселенско летало“, рекол Лудик.

 

извор-нетпрес

Hits: 394
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...