Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Забава Мистерии Одбројувањето започна: Една година до крајот на Светот

Одбројувањето започна: Една година до крајот на Светот

Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 
Од вчера 21 декември 2012 година остана точно една година, кога според верувањето на некои луѓе, Маите предвиделе крај на светот.

За разлика од другите заговорници за доаѓањето на Судниот ден, кои ги повикуваат луѓето да се подготват за преживување, на југоистокот на Мексико во централната територија каде живееле Маите, внимателно планираат прослави кои ќе траат во текот на целата година.

Мексиканската туристичка агенција до 12 декември 2012 година очекува регионите Чиапас, Јукатан, Квинтана Ро, Тобаско и Кампече да ги посетат околу 52 милиони туристи, иако вообичаено Мексико го посетуаат околу 22 милиони странци.

Многу археолози сметаат дека на 21 декември нема да биде крај на светот, туку дека каменот стар 1.300 години само ќе означи крај на еден циклус во календарот на Маите.

- Нема да има крај на светот. Тоа е една ера, изјави Џенет Залдо, портпарол на туристичка организација на карипската држава Квинтана Ро, каде се наоѓа познатото летувалиште Канкун. - За нас тоа е надежна порака, додаде Залдо.

Поголемите и помалите градови во регионот на Маите од денес почнуваат одбројување, а за таа цел во Чиапас во градот Тапачула поставен е и голем дигитален часовник во главниот спортски парк.

Токму поради мудроста на Маите луѓето го сфаќаат многу сериозно нивното предвидување. Долгиот календар на Маите кој почнува во 3.114 година п.н.е. го дели времето на периоди од околу 394 години познати како бактуни. За Маите бројот 13 бил од исклучително значење и како што напишале тие 13-от бактун завршува на 21 декември 2012 година.

Hits: 749
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...