Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Забава Мистерии Торинското платно, сепак автентичнo?

Торинското платно, сепак автентичнo?

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Мистериозното Торинско платно, познато и како Христовиот плашт, се уште го привлекува вниманието на научниците, а најновите истржувања покажуваат дека е возможно таа сепак да е автентичен и стар повеќе од два милениума.

Торинската прекривка е ленено платно во која наводно било завиткано телото на Исус Христос.
На неа се гледа отпечаток од тело на ранет маж, кој според раните, починал по распнување на крст.
Меѓутоа, со испитувањето на еден дел од платното, односно со мерењето на староста со помош на радиоактивни изотопи од јаглерод (C14)  утврдено е дека платното настанало во 13-тиот или 14-тиот век, поради што многумина сметаа дека се работи за фалсификат направен во средниот век.

Поединци сметаат дека резултатите добиени од овие текстови може да не се точни поради наслагите од бактерии кои со векови се формирале на платното.  

Италијанските научници неодамна спроведоа серија експерименти, за кои тврдат дека докажуваат дека платното не може да биде фалсификат, бидејќи во средниот век не постоела технологија со која би можело да се направи отпечаток на тело.

- Двојната слика на камшикуван и распнат маж, одвај видлива на Торинското ппатно има многу физички и хемиски одлики кои се толку специфични што е невозможно да се добијат во лабораторија -  заклучија експерти од Италијанската национална агенција за нова технологија, енергија и одржлив развој.

Научници заклучиле дека текстурата и длабочината на отпечатокот на платното може да се направи само со помош на ултравиолетов ласер, кој, секако, не постоел во средниот век.  

Според нивните тврдења, трагите на платното може да се направат и со „некаков облик на електромагнетна енергија како што е зракот светлина на кратка бранова должина.

-  Ние ништо не заклучуваме, само ги спојуваме деловите на фасцинантната и сложена научна сложувалка, наведено е во извештајот.

- Кога некој зборува за зрак светлина кој остава боја на парче ленено платно, како што е случајот со Торинската покривка, дискусијата неизбежно ќе ги допре темите како што се чудата и воскреснувањето. Но, ние сме научници и се занимаваме со процеси кои може да се проверат преку научни методи. Се надеваме дека нашите резултати ќе отворат филозофски и теолошки дебати, но заклучокот ќе им го оставиме на експерти – изјави водачот на научниот тим, Паоло Ди Лазаро.

 

Hits: 238
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...