Во видео компилацијата неодамна објаена на YouTube, авторот се обидел да пронајде слики на кои се насликани НЛО, но дури и вонземјани.
Некои цртежи се стари и повеќе од 10.000 години.
Во збирката се наоѓаат дела од сите периоди на човечката уметност. На некои слики се прикажани светлечки топки на небото, на други има летечки чинии, но дури има и такви кои ги покажуваат посетителите со стаклени кациги и вонземски одела.
Тешко е да се каже дали сликите се насликани врз основа на реалните искуства или едноставно се дела на фикцијата, но секако интересно е тоа што се појават од самите почетоци на човековата уметноста, и во сите области на земјата.
Па ако сте расположени за малку интрига во областа на уметноста, погледнете една интересна компилација што ви ја пренесуваме.


















