Пронајдена е уште една плочка од древните Маи која потврдува дека апокалипсата сепак ќе настапи следната година! Крајот на светот ќе се случи на 21. декември 2012. година, како што и претходно беше објавено во пророштвото на Маите, тврдат археолозите од мексиканскиот национален институт за антропологија и историја. Тие, покрај камената плоча од Тортугер во државата Табаско, која до сега беше единствениот доказ за тоа, пронајдоа и нова плочка во урнатините на храмот Комалкалк.
Натписот го опишува Болон Јокту, мистериозниот бог на Маите кој „ќе слезе од небото“ кон крајот на 2012. година.
Според предвидувањата на древните Маи десет дена пред дочекот на 2013 година ќе му дојде крај на светот. Според верувањето на Маите, со датумот 21 декември 2012 година завршува одбројувањето на големиот временски циклус, т.е. големиот календар и настапува крајот на светот. Маите протокот на времето го набљудувале циклички, а не правопропорционално, и верувале дека токму сега еден циклус од 26.000 се ближи кон крај.
Древните Маи сметале дека во 2012 година времето ќе се "ресетира". Тоа повторно ќе почне да одбројува од нула. Тоа воедно ќе биде и почеток на шестото доба.
Датумот на крајот на светот според мајанскиот календар се совпаѓа со ретката астрономска појава, која се случува еднаш во 230 милиони години.
Точно на 21 декември 2012 година, за кога древните Маи предвидуваат крај на светот, рамнината на Сончевиот систем ќе се изедначи со рамнината на Млечниот пат. Некои истражувања говорат дека освен изедначувањето на рамнините на Сончевиот систе и Млечниот пат, истовремено ќе се изедначат уште две галаксии. Тие две галаксии, се посочува во истражувањата, ќе се израмнат со нашата.