Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Забава Мистерии ВИДЕО: НАСА објави откритие на првата планета слична на Земјата со можност за живот

ВИДЕО: НАСА објави откритие на првата планета слична на Земјата со можност за живот

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

НАСА го потврди постоењето на првата планета надвор од Сончевиот систем на која би можело да постои живот, соопштила денеска оваа американска агенција за вселенски истражувања.

Група научници коишто го користат телескопот „Кеплер“ на американската агенција за вселенски истражувања НАСА, вчера на брифинг за медиумите го потврдија откривањето, за првпат, на постоење на првата планета слична на Земјата којашто се наоѓа во „зона на животот“, односно оддалеченост од ѕвездата каде што може да има присуство на течна вода, а со тоа, можеби, и на живи организми.

Планетата Кеплер-22б, за која е потврдено дека се наоѓа во така наречената “населива зона“ оддалечена од Земјата 600 светлосни години.

“Кеплер мисијата на НАСА ја потврди првата планета во ’населивата зона“, област во која може да постои вода на површината на планетите“, се наведува во соопштението објавени на интернет страната на НАСА.

За планетата Кеплер-22б е потвредено дека се наоѓа во средина на “населивата зона“ во орбита околу ѕвезда слична на Сонцето. Оваа планета има пречник 2,4 поголем од оној на Земјата, а научниците уште не знаат дали Кеплер – 22б има претежно карпест, гасови или течен состав, но нејзиното откривање е чекор поблиску до пронаоѓање на планети слични на Земјата.

Со помош на телескопот Кеплер откриени се повеќе од 1.000 нови планети кои се кандидати за планети на кои може да постои живот, што е речиси двојно повеќе отколку што досега беше познато.

Hits: 409
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...