За одење во сон сите сме слушнале, но нема да поверувате сè што луѓето можат да направат додека цврсто спијат.
Се качила на кран висок 130 метри
Една ноќ во Лондон, полицијата добила повик за обид за самоубиство со скокање од кран. Петнаесет годишна девојка стоела на градежна дигалка висока 130 метри, но не се обидувала да се самоубие, но само спиела. Не сакајќи да ја исплашат и да и го загрозат животот, пожарникарите не ја разбудиле, но во нејзините работите го нашле нејзиниот мобилен телефон и ги повикале нејзините родители. Успеале да ја спасат, а родителите објаснале дека ова не ѝ се случило прв пат.
Секс со непознат
Една жена во средни години од Австралија имала посебни навики. Таа се будела во сред ноќ, ја напуштала куќата и одела во потрага по љубовник, и тоа се во сон ... Имала секс со тотални туѓинци, а следниот ден не се сеќавала на настанот. Или барем така му велела на својот сопруг. По неколку месеци пронајдени и искористени кондоми во нејзината куќа, нејзиниот сопруг одлучил дека му е доволно од сè и побарал медицинска помош за неговата сопруга. Иако лекарите првично мислеле дека сопругот верува во измислена приказна на сопругата дека е месечар, сепак на крајот проверките потврдиле дека нејзината приказна е точна.
Нападнала полицајци
Една ноќ во Денвер пред десет години, една медицинска сестра заминала да спие, а потоа приказната добила чуден пресврт. Таа станала, се напила половина шише вино, седнала во нејзиниот автомобил само во ноќница и тргнала да се повози. Кога се судрила на крстосницата и го уништила автомобилот, уринирала на средина на улицата, и ги нападнала полицајците кои се обиделе да ја приведат.
Јадела додека спиела
Кога Ана Рајан необјасниво се здебелила 30 килограми, таа побарала медицинска помош. Медицинските прегледи покажале дека таа јадела додека спиела! Ана не е само еден случај со овој проблем, од ова нарушување страдаат многу луѓе, а е почесто кај жените отколку кај мажите. Логично, жените се повеќе оптоварени воздржувајќи се од храна.
Скокнал низ прозорец
Пред четири години еден германски тинејџер скокнал од четвртиот кат низ прозорецот. Кога тој бил забележан од случајни минувачи пред зградата, како лежи на тротоар, тие сфатиле дека се уште спие. Момчето веројатно имал лош сон и се обидел да избега од кошмарот, но на помалку невообичаен начин.
Напишал песни
Дион Мекгрегор сакал да биде композитор, но, исто така, имал некоја чудна навика да зборува во сон. Така неговите скриени желби испливале на површината. Неговиот цимер решил да ги запише сите негови ноќни песни, а потоа тие направиле албум кои го објавиле заедно.


















