Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Забава Мистерии Најголем астероид во последните 35 години минува покрај Земјата

Најголем астероид во последните 35 години минува покрај Земјата

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
Во вторник, на 8. ноември, огромен астероид 2005 YU55 ќе мине многу блиску до Земјата, внатре во месечевата орбита, објави НАСА, додавајќи дека тоа многу ќе им значи на научниците кои одблизу ќе можат да ја видат вселенската карпа и можеби ќе дојдат до некои траги што можат да откријат некакви детали за потеклото на нашата планета или за иднината на Земјата.



Астероидот ќе мине покрај Земјата на оддалеченост од 325 илјади километри. Астероидите често минуваат толку близу до Земјата, но најчесто се премали за да предизвикаат некаков интерес. Волку голем астероид, со широчина од 396 метри, последен пат минал покрај Земјата во 1976 година, а следен со таква големина се очекува дури во 2028 година.

Одговорниот во НАСА за објекти кои минуваат покрај Земјата, Дон Јеоманс, изјавил дека ова е шанса да научат повеќе за овој тип астероиди за да знаат како да реагираат во случај ако во иднина Земјата има некаква закана од ваков објект. Исто така, научниците со помош на астероидот ќе можат подетално да откријат што се случувало кога се формирал нашиот соларен систем.

„Без објекти како овој астероид, веројатно не би не имало ни нас“, изјавил Јеоманс.

Hits: 308
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...