Редок небесен феномен кој се случува еднаш во 100 години, најдобро се гледал од Австралија. Меркур, Венера, Јупитер и Марс се подредиа во линија.
"Станува збор за многу редок феномен, а слично последен пат се случило во 1910 година, но планетите тогаш биле преблиску до Сонцето па деталите неможеле да се видат", рекол астрономот Геоф Вајт. Пред опсерваторијата во Сиднеј се собрале мноштво на гледачи. Иако феноменот можел да се види и со голо око, сепак се препорачувало користење на телескоп.
Венера, Јупитер и Меркур формирале облик на триаголник, додека Марс било многу тешко да се забележи. Феноменот продолжува низ цел мај, а секој ден планетите ќе се усогласуваат во различен формат.
Жителите на северната хемисфера најдобро можат да го забележат феноменот во раните утрински часови, додека во "танцот на планетите" сепак најмногу уживаат на југ.


















