На прво место се наоѓа астероидот кој со брзина од 26.700 км / ч ќе помине покрај Земјата на растојание од само 29.470

Астрономот Scott Manley во три минутното видео прикажа како за 30 години се зголемува бројот на астероиди кои малку по малку се се поблиску до Земјата. Астероидите се повеќе го стеснуваат прстенот околу нас, а човештвото не е скоро подготвено за одбрана од овие небесни тела.
НАСА како дел од откривањето на потенцијално опасни астероиди (Near Earth Object Program) ги вклучува оние што имаат пречник од еден километар или повеќе и кои покрај Земјата поминуваат на растојание од 7.480.000 километри. Имено, се верува дека на таа далечина, постои ризик од судир што би можел да има катастрофални последици за Земјата.
За случувањето на ударот може само да претпоставуваме. Статистичарите имаат пресметано дека глобалните настани, како што е ударот што пред 65 милиони години ги уништил на диносаурусите, доаѓа на секои 15 до 60 милиони години. Истовремено до удар на астероид со дијаметар од 50 метри доаѓа на секои 100 - 400 години. Меѓу најопасните откриени астероид кој во блиска иднина ќе поминат покрај Земјата се:
1. Апофис - 13 Април 2029. ќе помине покрај Зенјата на оддалеченост од 29.470 километри и брзина од 26.700 км / ч
2. WN5 - 26 Јуни 2028. ќе помине покрај Земјата на оддалеченост од 230.400 километри и брзина од 37.500 км / ч
3. AN10 - 7 Август 2027. ќе помине покрај Земјата на оддалеченост од 384.000 километри и брзина од 94.600 км / ч
4. CU11 - 31 Август 2080. ќе помине покрај Земјта на оддалеченост од 653.300 километри и брзина од 94.900 км / ч
5. WY55 - 28 Мај 2065. ќе помине покрај Земјата на оддалеченост од 691.000 километри и брзина од 67.500 км / ч
6. RQ36 - 23 Септември 2060. ќе помине покрај Земјата на оддалеченост од 768.000 километри и брзина од 300 км / ч
7. Хатор - 21 Октомври 2086. ќе помине покрај Земјата на оддалеченост од 883.000 километри и брзина од 47.600 км / ч
8. WC1 - 13 Ноември 2061. ќе помине покрај Земјата на оддалеченост од 883.000 километри и брзина од 41.200 км / ч
9. XF11 - 26 Октомври 2028. ќе помине покрај Земјата на оддалеченост од 921.000 километри и брзина од 50.100 км / ч
10. WG3 - 29 Февруари 2096. ќе помине покрај Земјата на оддалеченост од 921.000 километри и брзина од 50.900 км / ч


















