НЛО-то кое се појавило на шведското небо во саботата на 24. Април оваа година го привлече вниманието на многу експерти за паранормални појави.
Сведокот успеал солидно и долго да ја сними необичната светлина во ноќното небо. Овој неидентификуван објект одговара на описот на т.н. "НЛО плазма" како што го нарекуваат уфолозите. Тука , тие веруваат во не физички феномени, барем не - според нашите стандарди - туку еден вид на истражувачки сонди или можеби холограм.
Сведокот изјавил дека снимките од НЛО се направени во текот на ноќта, кога небото било сосема јасно, без облаци. Забележал една чудна светлина од неговата куќа, а потоа го отворил прозорецот, за да има подобар поглед на леталото за кој тој е убеден дека НЛО.
Сјајното НЛО - што е јасно видливо и на видео-снимката - се движи сосем полека на десно во текот на период од пет минути колку што трае и снимката. После тоа, како што е обичај, одеднаш исчезнува од небото.


















