Прекинот на врската, особено ако не сме се разделиле пријателски, е екстремно тежок за нашето срце и душа. Ако во моментов минувате низ ваква ситуација, квалитетот на вашиот елемент во Зодијакот (оган, вода, земја, воздух) може да ви даде некои одговори и насоки по кој пат да се тргне кон закрепнување.

Огнени знаци: Овен, Лав, Стрелец
Изразувањето на вашата фрустрација и постојаната физичка и ментална активност се клучот за успехот на патот за лекување на скршеното срце. Ако сте лути поради начинот на кој завршила вашата врска, не заборавајте да разговарате со вашите пријатели или луѓе стручни за тоа. Чувањето на насобраниот гнев во себе, само ќе предизвика проблеми во вашата идна врска Вежбањето исто така е клучно за целиот овој процес, па сторете сé да бидете активни што е можно повеќе.
Земјени знаци: Бик, Девица, Јарец
Луѓето што се родени во овие знаци имаат тенденција да ги задржуваат емоциите во себе, затоа важно е да се насочите кон нешто креативно. Земјените знаци се многу практични, па затоа направете "ресетирање" на вашиот живот и донесете нови идеи и планови кои ќе ја оживеат вашата кариера и финансиска состојба. На овој начин ќе обезбедите стабилност на вашата финансиска состојба во тешките времиња, а истовремено се потсетувате себеси дека постојат и други работи кои се вредни на вашето време и енергија, а не само врската.
Воздушни знаци: Близнаци, Вага, Водолија
Контактот со другите луѓе е најважната работа што можете да ја направите за вашето лекување по тешкиот прекин на врската. Ова е одлична можност да сфатите кои луѓе се навистина важни во вашиот живот, бидејќи тие во тешката ситуација ќе бидат од огромна помош. Многу е важно да се слушнат мислењата на луѓето кои се грижат за вас по разделбата со саканата личност, затоа што токму тоа "второ мислење" ќе ви помогне да ги ставите работите во перспектива. Конечно ќе ги обновите сите друштвени односи кои не сте ги негувале доволно за време додека сте биле во врска, но сето ова само по себе е вредно за секој труд.
Водени знаци: Рак, Шкорпија, Риби
Знаците на водените елементи се познати по нивната сензитивност, важно е да не штедите на солзи, да се исплачете и тагата да излези од вас. Земете онолку време колку што ви треба и продолжете понатаму само кога сте сигурни дека навистина сте ја пребродиле кризата. Покрај тоа, секогаш можете да си дозволите нешто за вашата душа и тело, како што е викенд, некој третман, па дури и наједноставна миризлива бања во вашиот дом, ако сте кратки на пари. За разлика од воздушните знаци, водените знаци треба да бидат колку што е можно ограничени со контакти со луѓе и да се фокусираат само на дружење со оние кои навистина ги сакаат. Не дозволувајте никој да ве брза да се вратите во "нормален" живот пред да сте целосно подготвени.

Email This
Hits: 1623
Коментари (0)

Што мислите за оваа вест