Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Забава Астро Хороскоп: Карактеристики кои ги оставаат мажите без здив

Хороскоп: Карактеристики кои ги оставаат мажите без здив

Печати
Ниво на корисникот: / 6
НајлошоНајдобро 

Што е она што им се допаѓа на мажите кај жените

Жената Овен е многу страствена која заведува со својата впечатлива гардероба мини здолниште, јаки бои, кожа.... Има впечатливо лице, а ја краси нејзината непосредност и страст.

Жената Бик, знае да биде обична девојка од соседството, но знае и да биде многу женствена. Се карактеризира со класична убавина и величенствена фигура и цврст карактер.

Жената Близнак има младешки изглед и е многу отворена. Ја красат убави раце и рамена, како и нејзиниот детски шарм и нагласена гестикулација, често носат полудолга коса која им овозможува трансформација од Петар Пан до вистинска заводничка – според расположението.

Рак, овие жени се со нагласени феминизирани облини, градите се нивна јака страна, а со мажите имаат мајчински однос.

Жената Лав своите мани ги претвора во предности. Горда е, има аристократски манири, впечатлива фризура, а носи и впечатлив накит. Освојува со поглед.

Девиците се добри девојки и се воздржуваат да ја покажат својата сексуалност. Имаат убави раце и долги прсти, префинети црти на лицето, и сакаат чипка.

Вагите, најчесто ќе бидат приметени по нивната негувана коса. Знаат како да комбинираат фризура, шминка и гардероба со што ќе го привлечат вниманието кај мажите.

Шкорпијата е една од најопасните заводнички во зодијакот. Таа и кога не е средена, заведува со својот фатален шарм. Се карактеризираат со длабок поглед, секси глас.

Жената Стрелец, има недофатлив шарм на дива срна. Имаат спортски стил, но знаат да заведат и со одбран накит. Имаат убава насмевка и убава фигура.

Жената Јарец освојува со нејзината индиферентност. Остава впечаток на доминантна жена. Има убави нозе со кои ги заведува мажите.

Водолијата не размислува премногу за впечатокот кој го остава кај мажите. Таа е модерна, има убава линија на телото и знае да направи отстапка од клишеата и да изгледа природно.

Рибата се карактеризираат со убава коса, мали грациозни стапала и среден раст и знае да биде вистинска жена.

 

Hits: 3504
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...