Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Забава Астро Хороскоп: Какви ќе бидеме од младоста до староста

Хороскоп: Какви ќе бидеме од младоста до староста

Печати
Ниво на корисникот: / 5
НајлошоНајдобро 
Карактеристиките својствени за астролошкиот знак во младоста, понекогаш може да се претворат во спротивност во "старите денови". Ви ја изнесуваме анализата на луѓето, во согласност со хороскопот, од раната младост до староста.


ОВЕН

Во младоста: Младиот Овен на родителите не им дава мир. Овие деца се полни со живот и секогаш во акција. Тие се подготвени за сите видови на акробации.  Заинтересирани се за сè, но повеќето за самиот живот. Нема да чекаат да се впуштат во она што ги привлекува, па затоа е подобро со нив да бидете максимално отворени. Можат да влезат во брак многу брзо или да го избегнат засекогаш. По природа се индивидуалци, секогаш на својот сопруг или сопруга ќе им подготвуваат различни изненадувања и возбуди. Со нив, животот е динамичен и никогаш не се здодевни.
Во староста: Можат да продолжат со брзо темпо, ако нивното здравје тоа го дозволува. Тешко е да водат мирен живот, и ако им недостасува активност или возбуда, може да станат вистински „гњаватори„. Ако можат, до последниот момент од животот ќе се занимаваат со спортот.

БИК
Во младоста: Децата Бикови се нежни. Слабост им се слатките. Знаат да се додворуваат и да освојуваат со шармот. Ако живеат во благосостојба, се среќни. Ако живеат во сиромаштија, нивното детство ќе биде запаметено како особено проблематичен период. Брак склучуваат главно од љубов или заради материјални интереси. Парите им се важни како и саканата личност. Ќе избегнуваат брак со личност со ниски приходи. Тие сакаат да уживаат во животот.
Во староста: Ако се збогатиле во животот, староста ќе ја поминат уживајќи во материјалното. Тие не сакаат да го споделат она кое го имаат. Ако остарат во сиромаштија, тие можат да станат полни со горчина и незадоволство.

БЛИЗНАЦИ
Во младоста: Движење и контакти се она што ги прави децата близнаци среќни. Овие деца мора да бидат во постојана движење за да го потврдат својот идентитет. Комуницираат со леснотија, па важно им е друштвото. Кога ќе почнат да зборуваат, обично не затвораат уста. Ако се во врска, лицето со кое се, мора да биде свесно дека нивниот друштвен живот им е важен. Патување и движење меѓу луѓе е нешто што ги збогатува и ги прави среќни.
Во староста:  Важно за нив е да ги задржат контактите и да ги обноват, за да имаат со кого да разговараат. Ако се осамени, тие се многу несреќни. Ако нивниот животен партнер е друштвен, староста со нив може да биде многу забавна и исполнета со различни искуства, дали преку патување, различни друштвени активности или оние со интелектуален карактер.

РАК
Во младоста: Оваа интровертирано и чувствително дете често знае да ги загрижи своите родители. Со него треба да бидете внимателни и нежни, но не и да го држите под стаклено ѕвоно. Во светот на возрасните треба да се воведе постепено. Потребата да се повлечи во светот на соништата и имагинација е добра, но ако тоа го прави често, треба да се охрабри со некои отворени активности.
Во брак влегуваат со вистинска потреба да создадат семејство. Повремена нестабилност ќе настапи поради субјективни промени на расположението, а длабоко во себе тие имаат зацртана јасна цел.
Во староста: Ако изградат стабилен дом и семејството, ќе поминат пријатна старост исполнета со голем број на семејни дружења со најблиските. Ако останат сами, ќе станат тажни и меланхолични. Овие луѓе сè паметат и не ретко тие живеат во минатото.

ЛАВ

Во младоста: „Морам да бидам главен, ако не, ќе направам на сите да им го привлечам вниманието„ - така се однесуваат малите Лавови. Ако не им дадете внимание, тешко за вас. Некогаш треба малку да ги „спуштите„ на земја за да се подготвени дека секогаш нема да е како што тие сакаат. За нив, најголема навреда е игнорирањето. Влегувањето во брак мора да биде помпезно. Гледаат бракот да им донесе некој статус. Сакаат раскош и возвишеност, па дури и повеќе слава. Ако нема публика, се незадоволни.
Во староста: Важно е за нив да се слушне и за нив да се знае. Ако постигнат нешто, тие се способни да разговараат со часови за нивните достигнувања. Ако резултати недостасуваат, се трансформираат во луѓе кои се подготвени и способни да лажат со цел да прикажат нешто што не се. Кога ќе дојдат дома насамо го анализираат нивниот живот, а нивната гордост нема да признае, ако не успеале.

ДЕВИЦА

Во младоста: Ова се отмени деца. Внимаваат на своето однесување и се обидуваат да бидат пристојни и добри. Обично тие се пример за другите како треба да се однесуваат. Родителите со нив нема да имаат поголеми грижи. Пред да стапат во брак, ќе го "скенираат" партнерот и нивниот иден живот. Ќе се занимаваат со навидум безначајни детали. Постојат оние кои за саканото лице или за бракот, секогаш ќе наоѓаат мана за да го одложуваат бракот.
Во староста: Со текот на времето, стануваат вистински фармацевти. Ако имаат среќен брак ќе водат живот исполнет со уредна организација во староста. Малите нешта кои на другите не им значат ништо, за нив можат да станат значајни. Ако тоа не ве погодува,  споделите ги со нив малите нешта. Ако Девицата во животот пропуштила нешто важно за неа, во староста ќе се жали.

ВАГА

Во младоста: Децата Ваги се во можност да ги шармираат сите околу нив. Тие на лицето имаат вечна насмевка. Немаат проблем да стапат во контакт, а во однесувањето се одмерени. Проблеми се јавуваат кога треба нешто да одлучат. Ако сакате да ги задоволите како родител може да ве доведат до лудило со својата неодлучност. Бракот за нив е најважен во нивниот животот затоа на бракот гледаат на  нешто што треба да се проживее во пар. Љубов и искреност во комбинација се нивните идеали.
Во староста: Ако се успешни во личните односи, ќе живеат хармонична старост и тоа  најверојатно во пар. Ако останат сами, ќе се чувствуваат осамени и ќе се обидат да ја најдат својата подобра половина.

ШКОРПИЈА

Во младоста: Сакаат да предизвикуваат како мали. Уништуваат сè што е старо, со цел да изградат ново. Понекогаш се премногу сериозни, а како деца не се емоционално зрели и може да паднат во стапица на одмазда и војна. Тука треба мудро да се ориентираат и ако е потребно да ги запрете. Кога ќе стапат во брак, тоа го прават сериозно. Доследни се и не поднесуваат  плиткост и идолентност. Сексот е важен за нив и сакаат се повеќе да го развијат во врската или бракот.
Во староста: Ако во текот на животот, успеале да ги надминат сите промени, ако постигнале нешто важно за нив, староста ќе ја поминат во размислување длабоко за она што е зад нив. И тогаш ќе бидат активни колку што е можно, или преку некој пристоен спорт или еротски игри. Ако се сами ќе се посветат на проучување на сè што е скриено, окултно, а особено ќе бидат заинтересирани за темата на смртта.

СТРЕЛЕЦ

Во младоста: Тие се деца весели со што го прават животот исполнет. Со нив не постои голема загриженост, се тече едноставно и постепено. Патувањата па дури и  далечните, ги доживуваат во детството или во младоста. Мали проблеми може да се случат поради  вишокот тежина, па тие треба да се ограничени од слатките. Кога стапуваат во брак го прават тоа спонтано и галантно. Умерени се и избалансирани, па сите со задоволство ги прифаќаат. Смислата за хумор кај нив игра важна улога во животот и помага да ги надминат потешкотиите.
Во староста: Некои се претвораат во вистински филозофи кои секогаш знаат како да дадат мудар совет. Другите, кои се „приземјени„ видови, стануваат со поголема тежина. Ако нешто важно пропуштиле во животот, нема да бидат огорчени, но се ќе се обидат да надминат со филозофија и хумор.

ЈАРЕЦ

Во младоста: Овој знак е обратно пропорционален на времето. Во детството и во младоста, тие се однесуваат како предвремено созреани - премногу се сериозни и ладни. Всушност зад тоа се крие чувствителност, ранливост, амбиција и желба да се постигне нешто. Затоа, сè се подготвува внимателно, се организира и зрело и контролирано се однесува. Тие се обично во одбранбен став, а во училиште се добри ученици. Во бракот влегуваат добро пред да размислат. Го следат срцето, а љубовта мора да постои.
Во староста: Во староста доаѓа до интересно свртување. Тие сета сериозност и зрелост, со која се манифестираат во младоста, отстапува место на порелаксиран став и опуштена атмосфера. Тие се како и виното. За Јарците се вели: "Во младоста старци, во староста млади".

ВОДОЛИЈА

Во младоста: Децата обично се посебни или имаат специфичен талент. Тие сакаат да изненадуваат со разни лудости што нивните родители не можат ни да ги замислат. Ако се толерантни и отворени, ќе уживаат во тоа што ги исполнува. Важно е дека не дозволуваат премногу слобода. Бракот е партнерство на двајца луѓе кои се еднакви и така и ќе живеат. Понекогаш во бракот влегуваат одеднаш и со многу неконвенционален начин, или пак живеат како испосници одржувајќи некои испрекинати врски.
Во староста: Тие сакаат да истражуваат сè што постигнале. Секогаш мислат на нешто ново и забавно. Тоа се оние случаеви кога жената и на 80 години може да земе возачка дозвола или да учи јога.

РИБИ

Во младоста: Рибите се нежни деца кои често ја мешаат фантазијата и реалноста. Уметничката линија е нешто што треба да се негува, но со умереност. Треба да се учат реално да го гледаат  живот. Очекуваат брак од љубов и имаат тенденција да ја  идеализираат саканата личност. Затоа понекогаш паѓаат на земја кога ќе ја видат реалната ситуација. Ако бракот е хармоничен, среќни се.
Во староста: Во староста обично се предаваат на својата имагинација, креативност или едноставно се опуштаат. Тие можат да бидат збунети, а во зависност од карактерот знаат и да одглумат. Постојат и оние кои му ги „крадат„ деновите на Бога, и уживаат во денот. Ако сте со некој таков, обидете на нивната имагинација да ѝ дадете корисна насока.

Hits: 2899
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...