
Овен
За оние во врска
Без разлика колку долго сте во врска, во 2012 година ќе имате промени и ќе ја почувствувате помантичната атмосфера. Најверојатно, вие и вашиот сегашен партнер ќе поминете низ некои позитивни работи, a некои промени сепак ќе ги прифатите со љубов. Ќе приметите дека вашата врска се подобрува, но тоа не го очекувајте наеднаш, Вашата дневна рутина нема да се промени многу. Но ќе ја почувствувате енергијата која ќе ви ја донесат новите страсти.
За слободните:
Спојот на Месечината и Уран во вашиот знак ви носи нова љубов или појавување на стар пријател кој ќе го почувствувате на поинаков начин. Ако тоа се случи ќе имате две работи: убави спомени од минатото и повторно запознавање и откривање на новото. Единственото нешто што треба да си повторувате е дека тој не е совршен, а не сте и вие.
Ќе уживате во заедничките интереси и многу нешта ќе научите еден од друг. Но, сепак ќе има и малку нервоза, па ако вашата сакана личност почне да ви оди на нерви, размислете за тешката одлука - разделба. Не би било фер да барате некој да се менува, за само вам да ви одговара.
Бик
За оние во врска:
Биковите се сензуални и страсни личности, но во 2012 година ќе добијат енергија од Сонцето, Јупитер, Плутон и Јарец. На сите области ќе бидат добри, а оваа комбинација на планетите најмногу ќе влијае на сензуалноста од било кој друг. Вашиот партнер може да се прашува зошто постојат такви страсти, а вие не секогаш ќе бидете свесни за тоа, но вашата сила потекнува од планетата и вашиот партнер. Загриженоста за пари и работното места ќе биде намалена - а колку помалку ќе бидете напнати, толку повеќе време ќе имате за вашиот партнер и за романтика. Ќе бидете комуникативни, насмеани и постојано заедно ќе ги поминувате деновите.
За слободните:
Откога малку ќе ви се подобрат финансиите, повеќе време ќе имате за дружење. Без раазлика каква група на луѓе имате околу вас, на луѓето секогаш ќе имате што да им кажете. Ќе сретнете некоја атрактивна личност која ќе има доволно знаење за вашите интереси и со која ќе можете да разговарате со часови. Но, можно е да сретнете интересни личности и ќе имате можност да бирате со која ќе бидете во врска.
Близнаци
За оние во врска:
Колку долго сте биле со сегашен партнер? Дали некогаш сте купиле заедно куќа или автомобил? И двајцата ќе уживате во истото. Со променливиот Уран, кој оваа година се поврзува со Близнаците, ќе доаѓате во ситуации каде што ќе мора сè да менувате односно да започнете сè од ново. На кратко, животот со Близнаците е константна парада на фасцинантни луѓе, чудни идеи и авантури, во кои малкумина се подготвени да се обидат. Едно нешто од кое вашиот партнер никогаш нема да се пожали - е досадата.
За слободните:
Можете да запознаете некоја интелегентна личност и многу интересна за вас, но само ако е Близнак, затоа што идеите на останатите знаци може да ви делуваат бизарно. Но мора да објасните дека вашите интереси за друга личност се исклучително интелектуални. Близнаците од својот партнер очекуваат секогаш да е забавен.
Рак
За оние во врска:
Дали вашиот партнер има проблеми со работата? Имате тенденција дека премногу реагирате кога работите одат на лошо, но во повеќето случаеви се покажува дека тоа не е ништо. Би било добро својата анксиозност да ја исконтролирате бидејќи и вашиот партнер има свои проблеми и му е потребна позитивна енергија. Вашиот партнер е свесен кога се чувствувате лошо и затоа нема потреба од негативна реакција. Помогнете си еден на друг, излегувајте почесто и забавувајте се. Ако имате деца, не ги запоставајте нивните потреби, бидејќи кога сите поединечно се среќни, ќе можете да се грижите за сите.
За слободните:
Раковите ретко го прават првиот потег. Чекаат да го испитаат теренот и само тогаш се чувствуваат сигурни. Ракот е знак на мајката, така што машките Ракови ќе потсетуваат на својата мајка и поради тоа тешко ќе наоѓаат комуникација со партнерот. Но, ќе следат мали промени кога во нивниот живот ќе се појави личност на која ќе почнат секојдневно да мислат. Раковите лесно се повредуваат, затоа треба да ги избегнуваат малите несогласувања.
Лав
За оние во врска:
Оваа година ќе имате можност да завршите некои несогласувања од минатото кои ве прогонуваат вас и вашиот партнер - особено прашања на интимност, доверба и секс. Венера, вашата владејачката планета, ќе биде ретроградна во полето на партнерството. Ова ќе ве присили да го преиспитате прашањето на доверба и да се обидете да ги залекувате своите рани, доколку го слушнете најстрашното. Тоа е време да се одлучите дали ќе може да простите и да заборавите. Ако не можете, започнете нешто ново
За слободните:
Во 2012 година Вашиот љубовен живот конечно ќе започне! Сатурн, планетата на кармата и ограничувањето, беше во вашата петта куќа на љубов и секс што сериозно ја ограничуваше вашата способност да се чувствувате љубов и задоволство. Но љубовната магија повторно се враќа. Најповолен период да го отворите вашето срце е после 7 Април.
Девица
За оние во врска
Иако во ограничувањата Сатурн ќе биде доминантен во однос на љубовта оваа година, ќе имате можност да доживете поголема длабочина и посветеност во врската, и добро е да се научат лекциите од минатото. Понекогаш љубовта значи вадење на ѓубрето и чистење по вашиот партнер. Во 2012 година, нема само да ви цветаат рози - понекогаш за некои нешта треба да поработите понапорно.
За слободните
Можно е да ја обновите романсата со еден колега од работа, кога Венера, планетата на љубовта, ќе се врти во шестата куќа на работа. Венера управува и со вашата петта куќа на љубовта и со влијание на Сатурн во текот на годината ќе треба сериозно да размислите за одлуката дали да се вратите на поранешната љубов. Веројатно ќе научите нешто дека не се меша бизнисот со задоволство. Привлекувањето на еден колега ќе биде силно - но тоа не значи дека тоа ќе е добра идеја. Само треба да бидете свесни дали вреди да се оди на тоа.
Вага
За оние во врска
Во 2012 година Вагите ќе доживеат затемнување во областа на партнерството и односите. Ова затемнување целосно ќе го промени обликот на вашата врска. За некои тоа ќе укажува на нов почеток, додека на другите ќе им донесе разделба.
Општо земено сепак, затемнување на сонцето ако е поврзано со Венера планетата на љубовта, на многу Ваги им носи можност за веридба или брак. Вагите, тогаш ќе бидат среќни во љубовта, а затемнувањето нема да биде толку негативно ако врската е стабилна. Комуникацијата е битен елемент во вашата врска и поработете на неа.
За слободните
Повеќето Ваги се атрактивни личности и немаат проблем кога е изборот на партнер во прашање. Вагите тежнеат кон перфекционизам. Исто така можат да се однесуваат и како шефови во врската, поради што доаѓа до мали проблеми. Кон крајот на годината многу Ваги ќе влезат во брак без разлика на должината на врската која ја имаат но и без разлика на проблемот кој повеќето Ваги го имаат, кога бракот е во прашање.
Шкорпија
За оние во врска
Во 2012 година Шкорпиите ќе имаат невообичаено ширење на потенцијал во љубовта и сексот. Тоа ќе биде речиси како да се разведиле и се ожениле истата година! Некои Шкорпии ќе го направат токму тоа - иако не мора со истиот партнер, и по тој редослед.
Уран е планета на ненадеен хаос, и ќе помине низ вашата седмата куќа на партнерство од мај до октомври и ќе ја зајакне желбата за слобода и за индивидуалност во врската. Јупитер, планетата на среќата, ќе помине низ вашиот знак и ќе ви помогне да развиете однос во нов правец. Можностите во љубовта и сексуалниот животот се бескрајни за Шкорппите оваа година!
За слободните
Слободните Шкорпии, исто така, ќе имаат бурна година, кога станува збор за љубов и секс. Вашата петтата куќа е управувана од страна Уран, а Уран е знакот на промени, а тоа е веројатност да имате два различни сексуални партнери! Можете одеднаш да ја откриете магнетската привлечност со некој кој е многу различен од вообичаените ваши "типови". Можност за стабилност во љубовниот живот, ќе имате откога една личност ќе ви го освои срцето.
Венера, вашата владејачката планета, ќе биде ретроградна во периодот од октомври до ноември и овој пат можно е да се појави конфузија помеѓу стариот и новиот љубовен партнер, а тоа ќе влијае на вашата самодоверба. Запомнете, не можете да седите на две столчиња!
Стрелец
За оние во врска
Во 2012 година вашата љубовна врска ќе се врати назад, принудувајќи ве да ја обновите страста што ве поврза со вашиот партнер. Венера, планетата на љубовта, ќе биде ретроградна во вашиот знак и ќе управува со вашата седмата куќа на партнерство. Затоа, може да чувствувате сомнеж и тешкотии во љубовта, но и во вашата способност да го задоволите својот партнер. Ова ќе биде одлична можност да пробате нешто ново во сексот. Љубовта за Стрелците е секогаш забавна кога постои некоја таинственост.
За слободните
Љубовта ќе цвета во 2012 година, благодарение на Јупитер, планетата на среќата и проширувањето, фокусирајќи се на петтата куќа на љубовта и сексот од јануари до крајот на годината, освен за време на периодот јуни до септември.
Стрелците ќе имаат многу можности за секс и излегување, како и потенцијал да се заљубат. Ова се случува ретко кај нив иако Стрелецот е неверојатно привлечен знак, немојте да мислите дека ваков вид на енергија ќе имате секој ден. Максимално тоа искористете го!
Уран, планетата на хаосот, исто така ќе ја заврши својата долга посета на вашиот знак оваа година. Очекувајте нешто неочекувано во вашиот љубовен живот.
Јарец
За оние во врска
Нештата ќе бидат прилично тивки за Јарците што се во врска. Стабилноста не мора да биде здодевна, па затоа користете ја вашата имагинација и одете со вашиот партнер на патување, ако е можно. Најдобро време за вас и вашиот партнер е во јуни и јули оваа година кога Венера, планетата на љубовта, е во седмиот дом. Марс, планетата на сексот, ќе се приклучи на Венера од јуни до август, па затоа очекувајте возбудливи, страстни ноќи!
За слободните
2012 година може да биде многу турбулентна ако сте љубител на игри и возбуда. Марс, владетелот на вашата петта куќа на љубов и секс, ќе биде ретрограден, и не очекувајте многу возбуда во сексот и љубовниот живот на почетокот на годината. Од мај до август Вашиот љубовен живот ќе биде возбудлив кога Уран, планетата на ненадејните настани, влегува во вашето поле на љубовта и носи неочекувана романса во вашиот живот. Од јуни до септември среќата исто така, ќе биде во вашиот петти дома со ширење на вашите потенцијали, со цел да се доживее вистинска љубов.
Водолија
За оние во врска
За Водолиите во врска, Марс во 2012 година ќе го има главниот збор, што значи дека вие со партнерот ќе бидете заглавени во ќор-сокак поради поголем конфликт околу нешто, а ниту еден од вас нема да има доволно муниција да победи. Сепа во борбата ако сакате вашата љубов да преживее, ќе треба да имате компромис. Можеби треба да побарате стручна помош или само треба смирувачки секс. За жал, Водолиите ќе мора да почекаат до март кога нивниот сексуален живот ќе почне да функционира нормално. Од тогаш па до јуни ќе имаат можност да се борат за врската.
За слободните
Во 2012 година слободните Водолии ќе имаат подеми и падови, но може да очекуваат да доживеат најмногу сексуална и романтична енергија во јуни и јули 2012 кога Венера, планетата на љубовта, е во петтата куќа на љубов и секс. Марс, планетата на сексот, ќе се приклучи кон Венера од јуни до август. Ова ќе биде клучен период во кој Водолиите повеќе ќе се забавуваат и ќе привлекуваат многу нови луѓе во нивниот живот. Лето ќе биде жешко за Водолиите!
Риби
За оние во врска
За Рибите минатата година беше едно долго патување, но во 2012 година конечно ќе се чувствуваат дека се пронашле. А поради тоа напорот низ кој поминувавте вие и вашиот партнер ќе исчезне со мали несогласувања меѓу април и јули кога Сатурн ќе се врати во својата област на партнерство и ви ги одржи последните лекции на љубовта, а вие ќе се преслушате што сте научиле во последниве две и пол години. Ако вашата врска преживеа во 2011 година, ќе преживее и во 2012 година, но ќе биде посилна од кога било досега!
За слободните
Ќе се промените од внатре, а вашата жед за слобода и желбата да ја изразите својата индивидуалност, веројатно ќе се чувствува помеѓу мај и август, кога Уран ви дава да го вкусите животот, каков е кога тој не е во вашиот знак. Рибите ќе имаат шанса за нова љубов, а очекувајте огномет и брз развој на романтична врска кон средината на годината.


























