Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Забава Астро Астро телефон

Астро телефон

Печати
Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 

Tелефонот е незаменлив предмет во меѓу-човечката комуникација.

Во колката мера и на кој начин го користат телефонот припадниците на хороскопските знаци.

ОВЕН - Кој зборува гласно да ви бучи во ушите? И секогаш звучи како да издава наредби, дури и кога изјавува љубов? Тоа може да биде само овенот. Ако сакате со нив да имате успешна телефонска комуникација, зборувајте благо и смирувачки, затоа што само така можете да го локализирате пожарот, односно да го смирите наредбоносниот тон на овенот.

БИК - Сензуалните бикови, благодарејќи на Венера, имаат дар за слаткоречиво заведување, па телефонот го користат и за шармирање. Постојани и темелни, во состојба се да зборуваат со саати. Ако имате обожавател во овој знак, тешко на вас! Никој друг нема да може да ве добие..во тој случај, единствена надеж ви е кај него да се разбуди рационалноста, својствена на земјените знаци, и да допушти, понекогаш и некој друг да ви телефонира.

БЛИЗНАЦИ - Го доживуваат телефонот како некој близок роднина, што не е чудно, затоа што и тие, како и овој апарат, се велемајстори за комуникација. Од никој друг, како од овој знак нема да слушнете толку информации. Зборуваат брзо, затоа што би сакале гласот да ја следи брзината на мислите, и со аргументи, така да мора да ги задоволите овие критериуми ако сакате да биде ваш соговорник.

РАК - Ако сте особа што сакате некого од овој знак, спремете се за романтични и нежни телефонски разговори, така да можете некогаш и да го преобразите својот глас, за да ги задоволите критериумите на вашиот соговорник. Раковите сметаат дека тие се оние кои треба да се грижат за вас, па и телефонот го доживуваат како средство кое им помага за кога не се покрај вас, да проверат случајно да не сте заборавиле да јадете, да облечете топла облека, испиете лек...Секогаш стравуваат и се грижат, па тоа се одразува и преку телефонските разговори.

ЛАВ - Ќе ви се јави кога најмалку очекувате, и од место од каде не очекувате. Ако решил да ве пронајде, тоа и ќе го направи. Заљубен лав ќе ви се јави штом ќе почуствува потреба да ве слушне, без разлика колку е саат во тој момент. Ќе се јави дури и да знае дека спиете, затоа што он е крал, а нему се му е дозволено..кога сакат и од каде сакаат да се јавуваат...

ДЕВИЦА - Ако сте се договориле со девица да ви се јави во 5 часот,тогаш слободно навиј те го саатот, затоа што точно тогаш и ќе ве побара, затоа што се прецизни и совесни. Нив ништо не може да ги изнервира како непоштување на договорот, можеби претерано, но такви се..затоа ако сакате да ја одоброволите девицата, секогаш телефонирајте и во време кога сте се договориле. Во спротивно, наместо љубезен глас,од другата страна ќе ве пречека ледено озбилен и непријатен глас. Значи ако сте се одлучиле за телефонска комуникација со девица, совет е да си купите и стоперица.

ВАГА - Никогаш нема да може да ја излажете ни преку телефон, сигурно по звукот на гласот ќе препознае како се чуствувате во моментот кога телефонирате. Припадниците на овој знак најчесто имаат пријатен глас, ќе ги почусвуваат вашите емоции и не пробувајте да ја излажете, како на пример - Добро сум, ништо не ми е...Ако сакате да останете во комуникација со нив, зборувајте мудро со што ќе ја задоволите нивната природа.

ШКОРПИЈА - Ако ви се допаѓа некој да ве побара насред ноќ, и да ви зборува за своите страсти, или ноќни мори, очекувајќи вие да одговорите на нивните необични гледишта, тогаш шкорпијата е вашиот идеален соговорник. Ако ве брои во особа од доверба, тогаш животот нема да ви биде едноставен. Мора секогаш да бидете на услуга на неговите чудни расположенија, секогаш спремни да подигнете слушалка кога ќе ве бара. Не заборавајте на алармното звонче на внимателност. Некогаш подобро да не дигнете слушалка..иако тоа ќе ви биде тешко, имајќи во предвид дека не е така лесно да се справите со магијата на шкорпиите.

СТРЕЛЕЦ - Ако сте депресивни или тажни, наједноставен лек е да подигнете слушалка и да свртите број на особа родена во овој знак..од другата страна ќе слушнете весел глас, секогаш полн со ентузијазам, чие расположение е апсолутно лековито и делотворно...Телефонската секретарка е најдобра пријателка на еден стрелец. Стрелецот се воодушевува на телефонската секретарка, затоа што никој попрецизно не може да ги забележи сите повици додека тој наоколу шета. Неговиот планер е исполнет со бројни обврски и дружења, така да не стигнува секогаш да одговори на звонењата на телефонот.

ЈАРЕЦ - Особата родена во овој знак е толку строга, па се плашите и да и телефонирате...ако сакате да го скршите леденио јарец, во слушалката изговорете неколку нежни зборови,и ќе се случи чудо...на нив име потребна позитивност за да ги дигнат кочниците и да се ослободи од својата вродена озбилност. Бидете весели и духовити и ќе бидете омилен телефонски соговорник на еден јарец.

ВОДОЛИЈА - Телефонскиот апарат според нив е застарен начин за комуницирање...имаат совршен метод за комуникација-телепатија..непогрешливо знаат дека времето кое доаѓа им носи и нови стандарди на животот. Немој да се изненадите ако во глава слушнете глас од некоја водолија..не грижете се, не сте постанале шизофренични, тоа само вашата омилена водолија ви праќа телепатска изјава на љубов.

РИБИ - Дали сакате да слушнете звук од морски валови а се наоѓате на километри од море? Постои решение-телефонирајте на особа родена во овој знак. Кога ќе го слушнете нивниот глас ќе имате чуство дека цело морско царство се преселило во вашиот телефон. Нежни се и чуствителни, па од нив може да очекувате само нежни и смирени зборови. Секогаш се спремни да помогнат ако треба. Интиутивни се, секогаш знаат однапред кој ќе ги побара.

 

Hits: 1139
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...