Дали се пронаоѓате во молитвите на хороскопските знаци?
Овен: „Господе дај ми трпение, ако може веднаш„. Бик: „ Господе, помогни ми да ги прифатам промените во животот, но не мора да брзаш„.
Близнаци: „Боже, каде си..кој си...како се викаш? Каде и на кого да се молам?„ Рак: „Боже, те молам чувај ги моите најблиски додека се вратам од пат„. Лав: „Боже, ќе бидеш горд на мене, ќе им покажам на сите колку сум подобар од нив„.
Девица: „Боже, направи светот да биде подобар и концентрирај се додека тоа го правиш„.
Вага: „Боже, сфаќам дека одлуките треба да бидат мои, добро, ако ти така викаш„. Шкорпија: „Боже помогни ми да им простам на оние кои ме повредиле, но не ми дозволувај тоа да го заборавам за одвреме-навреме да им вратам. Стрелец: „Боже те молам по којзнае кој пат, не ми дозволувај да претерувам во животот„. Јарец: „Боже, нема што да барам, се ќе направам независно. Сепак, ти благодарам што си покрај мене„.
Водолија: „Боже знам дека ќе ме слушнеш, овој викенд правам забава, ќе ми биде мило да дојдеш„. Риби: „ Боже, ветувам дека веќе нема да лелекам, плачам или пијам. Помогни ми уште овој пат„.