Четири лица биле убиени, а три повредени, додека 54 биле уапсени на познатото место “Тајмс сквер“ во Њујорк во текот на еден масовен напад помеѓу две банди.
АП известува за четири убиени лица, еден повреден полицаец и две полесно повредени жени.
“Слушнавме две пукотници, а потоа многу полицајци се растрчаа“, рекла Мисти Харт, туристка од Атланта.
Според пишувањата на американските медиуми, не е познато дали жртвите се случајни минувачи или припадници на бунтовничките банди.
“На теренот излегле неколку стотини полицајци“, пишува “Њујорк тајмс“.
Кога во неделата на вечерта почнале пукањата во Менхетен, помеѓу членовите на двете банди, многу трговски центри во страв дека можеби се мета на ограбување се затвориле, а според “АОЛ“, насилството на овие банди билe дел од велигденските обичаи во Њујорк.
“Вакви збиднувања на улиците во Њујорк се случуваат веќе пет години по ред“, изјавил еден чувар на “Тајмс сквер“, пренесуваат светските агенции.



















