Во неколку градинки во северниот дел на Кина, на родителите им се наплаќа по 1200 јуани или околу 190 долари за читање од дланка, а читањето може да ја предвиди интелигенција и способностите на нивните деца.
Многу родители се упатиле кај овие гатачи на судбина за тест кој се користи во кинеската провинција Санџи, на север на земјата, и кој е погоден за деца постари од три месеци.
Според компанија која ги направи тестовите "Санџи даоменг култура на комуникација", читањето од дланка, помага да се "идентификуваат својствените карактеристики на децата и нивните потенцијали", објави агенцијата Синхуа.
Поради политиката на раѓање "едно дете" родителите посветуваат големо внимание на образованието на нивните деца во надеж дека тие ќе ги издржуваат кога ќе остарат.
Некои експерти ја отфрлија идејата за читање судбина од рака, врз основа на тоа дека нема вистинска основа.
Предвидувањето на судбината, вклучувајќи го и читањето од дланка, има длабоки корени во кинеската традиција, иако кинеските лидери се обидуваат да ги обесхрабрат и да ги казнат следбеници на овие практики кои ги оценуваат како суеверие.
Многу луѓе, вклучувајќи и владини претставници, бараат помош од гатачите за совет поврзан со финансиите, лични прашања и прашања поврзани за кариерата.
Многу кинески двојки планираат раѓање на дете во рамките на поволен период од лунарниот календар.



















