Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Вести Свет Соларна бура ја погоди Земјата

Соларна бура ја погоди Земјата

Печати
Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 

Соларна бура стигна на Земјата и станува се’ посилна. Сонцето не’ бомбардира со радијација од најсилната бура во последните шест години. Ерупцијата на Сонцето ослободи најголема радијација од 2005 година, која би можела да ја наруши сателитската комуникација, особено во поларните региони. Денеска бурата ќе го достигне својот врв,а најголеми ефекти ќе почувствува северниот дел на Земјата.

Соларната бура се појавила во неделата околу 4 часот наутро, нејзината радијација стигнала на Земјата околу еден час подоцна, а ќе не’ погоди во три различни периоди. Врвот ќе биде денеска, а ќе продолжи веројатно и во текот на утрешниот ден.

“Најголема последица е радијацијата“, наведува Американскиот центар за предвидување на временските прилики во вселената.

“Целиот простор меѓу нас и Јупитер е исполнет со протони и не можете лесно да се ослободите од нив. Затоа ефектите ќе се задржат неколку денови“, објаснил физичарот од центарот, Даг Бисекер.

Иако ова е најсилната бура која од 2005 ја погодила Земјата, на скалата од еден до пет, зазема трето место. Се смета дека ќе биде “силна“, но не и “разорна“.

Радијацијата предизвикува најголема загриженост заради можно нарушување на работата на сателитите и астронаутите во вселената.

Соларните и експертите од американската вселенска агенција НАСА ги испитале очекуваните ефекти од оваа бура и заклучите дека шестмината астронаути на Меѓународната космичка станица не треба да се грижат, ниту да сторат било што за да се заштитат од радијација. Експертите тврдат дека астрономите не се во опасност.

Сончевата ерупција е проследена со еден до три удари.

“Најпрво доаѓа електромагнетна радијација, проследена со радијација во форма на протони. Потоа, конечно, не’ погодува исфрлена коронална маса (ЦМЕ) – плазма на самото Сонце. Таа обично патува со брзина од околу 1,6 до 3,2 милиони километри на час, но оваа бура е особено брза и се движи со 6,4 милиони км/ч“, навел Бисекер додавајќи дека експлозијата не била спектакуларна, но дека исфрлила брза коронална маса.

Денеска, кога бурата ќе го достигне врвот, Земјата ќе ја погоди брз облак од плазма. Токму сончевата плазма е таа која предизвикува проблеми на Земјата, како прекин во електричната мрежа.

Hits: 500
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...