Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Вести Свет Оваа жена е виновна за бродоломот на “Коста Конкордија“

Оваа жена е виновна за бродоломот на “Коста Конкордија“

Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Мистериозната жена поради која капетанот на бродот “Коста Конкордија“ Франческо Скетино направил грешка и се насукал во близина на Тоскана е Молдавката Домника Чемортан.

Двојно помладата русокоса била во придружба на капетанот, а во еден момент се нашла со него на командниот мост, што според прописите е забрането. Скандалот да биде уште поголем, Чемортан не била ниту на официјалната листа на патници ниту на посадата. Се препоставува дека на бродот работела на црно.

По налог на италијанскиот обвинител била организирана опсежна потрага, но Чемортан во меѓувреме се појавила во медиумите.

Раскажала дека не била слеп патник, туку дека веќе пет години работи за “Коста“, а на “Конкордија“ била на одмор. Рекла дека била на вечера во ресторанот кога бродот се насукал, а потоа ја повикал капетанот на командниот мост за да може на руски да ги преведе информациите кои им ги објавил на патниците.

Чемортан би можела да биде клучниот сведок во расветлување на моментот кога бродот почнал да тоне, а во меѓувреме веќе почнала да го брани капетан Скетино, кој кукавички, пред евакуација на патниците, побегнал од бродот кој тонел.

Молдавката изјавила дека капетанот не побегнал, туку ги спасувал патниците.

Сведоци велат дека оваа русокоса за време на крстарењето “како сенка“ го следела капетан “кукавица“.

Во меѓувреме, неколку од преживеаните патници ја откриле бизарната коинциденција- дека во моментот на удар на “Конкордија“ во гребенот, во ресторанот музичарите ја свиреле песната од филмот “Титаник“.

Расветлена е уште една трагична судбина на проклетиот брод. Унгарскиот виолинист Шандор Фехир загинал во бродоломот откако се вратил по својта виолина. Тој им помогнал на децата да ги стават појасите за спасување, се вратил во кабината по инструментот и од тогаш му се губи секаква трага.

извор-нетпрес

Hits: 1691
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...