Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Вести Свет Тајните кои ги крие потонатиот брод „Конкордија“

Тајните кои ги крие потонатиот брод „Конкордија“

Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Зад бродоломот на луксузниот туристички брод „Коста Конкордија“, кој во петокот вечерта се насука во близина на брегот на Тоскана, се кријат многу тајни, пишува италијанскиот печат, наведувајќи дека тоа го потврдуваат и зборовите на главниот обвинител на тосканската провинција Гросето.

„Освен улогата на капетанот на бродот, ние ја разгледуваме и евентуалната одговорност на целиот команден синџир“, вели главниот обвинител Гросета Франческо Верузио, што како што оценуваат италијанските весници, е сосема јасна порака.

Во печатот се поставуваат многу прашања со кои се наведуваат околностите под кои се случи оваа трагедија.

Кој навистина е одговорен за катастрофалната одлука донесена таа драматична ноќ? Само капетанот Франческо Скетино? Што се случувало на командниот мост од 21:42 (кога бродот удрил во карпа кај островот Џиљо) до 22:58 кога била наредена евакуација од бродот?

Какви информации тогаш имала компанијата „Коста крочере“ која е сопственик на „Конкордија“ и која била нејзината улога во несреќата? Зошто толку се доцнело со најочигледната и најразумна наредба да се изврши евакуација? Зошто била донесена одлука за толку нагло „вртење“ во правец на островот Џиљо?

Во последните 24 часа биле испитани десетина клучни сведоци кои раскажале дека во текот на 60 минути кога се одлучувало за судбината на „Конкордија“, за 4.200 патници и екипажот, капетанот за цело време разговарал на мобилниот телефон.

Членовите на екипажот изјавиле дека многу пати го прашале што да прават, но тој не им одговарал, туку упорно ѕвонел и разговарал од својот мобилен телефон, од кои најмалку три повици биле упатени на Роберт Ферарини, директор за поморски операции, кој бил задолжен за контрола на флотата на „Конкордија“.

Меѓутоа, не е познато што му кажал Ферарини на капетанот. Дали можеби наредил евакуација на бродот? Или алармирање на крајбрежната стража? И ако е така, зошто Скетино ја занемарил наредбата, сметајќи дека таа наредба за евакуација била издадена дури во 22:58 на инсистирање на крајбрежната стража? Но, ако Скетино постапил по свое убедување, зошто компанијата „Коста крочере“ на 14 јануари наутро го бранела неговото однесување?

Ферарини не е единствен со кој Скетино разговарал таа ноќ, додека се одвивала драмата, но сите се надеваат дека во истрагата ќе бидат расветлени сите тајни и ќе се дадат одговори на многу прашања кои сега се поставуваат.

Во меѓувреме, пред судот во Гросето почна сослушување на капетанот Скетини, под обвинение за повеќекратно убиство, бродолом и напуштање на бродот.

Тој на својот адвокат рекол дека е подготвен да одговори на сите прашања што ќе му ги постави судијата, додека обвинителството најавува дека на Скетини му се заканува казна од 15 години затвор.

Hits: 539
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...