Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Вести Свет Бројаници од кои се умира

Бројаници од кои се умира

Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
Илјадници смртоносни белегзии и ѓердани изработени од семките на растението Abrus precatorius или познато како крабино око, беа повлечени од продажба во Англија, oд продавниците за сувенири. Претходно, во Америка, три деца починале откако проголтале од бобинките, а од труење починале и неколку луѓе кои бобинките ги користеле за изработка на накит.

Тие се продавале на туристи во Англија во "Еден Проект" во Корнвол, каде на отворено, се наоѓаат уредени модерни рајски градини кои претставуваат различни светски климатски зони, каде што се наоѓаат растенија од сите делови на светот, а продавачите продавале од овие токсични белегзии како туристичка атракција.

Оспорениот накит изработен од семките на ова растение е двапати поотровен од рицин, кој инаку се користи како хемиски оружје! Бобинките се всушност семки на растението чие латинското име е Abrus precatorius, исто така познато како крабино око и индиски сладунец. Ова растение содржи отровна материја абрин, чие производство се контролира поради опасноста да се користи како хемиски оружје.

Само три микрограми од оваа супстанција може да убие човек ако проголта оштетен плод, а симптомите на труење се повраќање, дијареа, вртоглавица, шок и црниот дроб престанува да функционира. Крабиното око расте во тропските и суптропските региони. Во Кина, оваа билка долго време била симбол на љубовта и е позната како "Гравче на заемна љубов". Против отров нема.

Hits: 605
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...