Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Вести Свет Пронајдени 20 тони од златото на Гадафи

Пронајдени 20 тони од златото на Гадафи

Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Во пустина во јужниот дел на Либија биле пронајдени 20 тони злато и 80 милиони евра кои му припаѓале на поранешниот лидер Моамер Гадафи.

Како што пишуваат локалните медиуми, златото и парите биле пронајдени во текот на вооружените судири помеѓу опозиционите групи во јужниот дел на земјата.

Иако вредноста на имотот на Моамер Гадафи предизвикувала бурни реакции, некои проценуваат дека станува збор за околу 85 милијарди евра, но либиски претставници тврдат дека се работи за поеќе од 200 милијарди долари.

Поголемиот дел од богатството е во злато, накит и долари за кои се верува дека пред да биде убиен, Гадафи ги закопал во пустината.

Се верува дека околу четири тони злато и околу 500 милиони долари, кои Гадафи своевремено ги повлекол од Централната банка на Либија, а кои недостасуваат, се закопани на некоја тајна локација.

Двајца Либијци пред неколку дена биле уапсени во близина на границата со Нигерија кога се обиделе да стапат во контакт со поранешниот соработник на Гадафи и високи офицери на тајните служби за да добијат информации за локацијата на која се наоѓа закопаното злато.

Опремени со најмодерни уреди за детектирање на благородни метали, ловците на златото на Гадафи се кријат од владините шпиони кои имаат задача да соберат информации врзани за евентуалните локации на кои се наоѓа закопаното злато.

Властите не сакаат по никоја цена да им го препуштат овој богат плен на авантуристите, па за таа цел посебно се “вооружиле“.

Тие набавиле неколку најмодерни авиони со детектори за метал и GPS уреди. Нивната задача е да кружат над пустинските делови и да ги скенираат.

Власта се решила на ваков чекор откако во близина на селото Хун во централниот дел на Либија се откриени десетина златни прачки.

извор-нетпрес

Hits: 264
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...