Со традиционалната божиќна песна „Stile Nacht" утринава камбаните на католичките храмови низ земјава и светот беше објавено Христовото раѓање, католички Божиќ.
Преку прославувањето на Христовото раѓање се слави значењето и вредноста на човечкиот живот, безусловната љубов и мирот меѓу сите луѓе во светот. И годинава илјадници католички верници се собраа да го прослават Божиќ на централниот плоштад во Витлеем. Кулминацијата на прославата беше свечената служба во катедралата „Света Катерина“ во центарот на Витлеем.
Во црквите ширум Македонија католичките верници вчера со чинот на бдеење присуствуваа на бадниковата полноќна миса која започна во 23 часот и ги потсети на мигот кога се родил спасителот Исус Христос. По вчерашниот Бадников пост, денес припадниците на католичката вероисповед и припадниците на православната вероисповед кои се раководат според Грегоријанскиот календар го празнуваат Божиќ.
Нема некои посебни црковни правила како да се прославува празникот. Карактеристично за украсувањето на домот покрај божиќната елка, на која не се ставаат пластични украси, туку колачиња, бонбони и свеќички како дарови од Бога, исто така во секој дом се подготвуваат јаслите како симбол каде е роден Исус Христос.



















