Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Вести Свет Почина севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ил

Почина севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ил

Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Од преголем психички и физички напор во саботата починал северно корејскиот комунистички лидер Ким Јонг Ил на 69-годишна возраст информираа од националната државна телевизија. Како што известуваат Ил починал од срцев удар додека бил во воз во обиколка на својата земја.

Тажната вест ја соопштил водител облечен во црно кој кажал дека Ил починал од прекумерна физичка и ментална исрпеност.

Медиумите од соседна Јужна Кореја претходно јавија дека војската во земјата е ставена во состојба на готовност по веста за смртта на Ким Џонг Ил.

Белата куќа во Вашингтон соопшти дека ги следат настаните и дека САД и понатаму остануваат посветени на стабилноста на Корејскиот полуостров.

На лидерското место на Северна Кореја сега ќе биде третиот син на Ил, Ким Јонг Ун. Севернокорејскиот лидер својот наследник го објави уште во 2010 година.

Hits: 129
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...