Многу редок вид од вирусот на ХИВ, кој досега беше застапен само кај жителите на Камерун, сега најверојатно се прошири и надвор од границите на оваа земја.
Вирусот од групата „Н“, прв пат е регистриран во Камерун во 1998. година, а од тогаш во земјата биле регистрирани 12.000 случаи на зараза. Се претпоставува дека вирусот се раширил меѓу луѓето, откако човек јадел заразено месо од шимпанзо.
Во јануари оваа година, во болница во Париз е примен пациент, кај кого испитувањата покажале дека е заразен токму со овој тип на вирусот од групата „Н“.
Со анализа на сексуалната историја на пациентот, утврдено е дека најверојатно го заразил сексуалниот партнер во Того, каде бил пред да дојде во франција.
Француските лекари предупредуваат дека овој редок вид на вирус е веќе сигурно излезен надвор од границите на Камерун и предупредуваат на зголемување на епидемиолошкиот надзор.



















