
Аманда Нокс и Рафаеле Солесито во 2009 беа осудени за зтаворски казни од 26 и 25 години за убиството на Британката Мередит во 2007 која беше избодена со нож а претходно силувана.
Апелациониот суд вчера судеше по последната можност за жалба на осудените, при што од клучно значење беа резултатите на побараната ревизија на генетскиот доказ кој беше главен за пресудата во 2009. Ревизијата откри големи пропусти на првичната истрага и сомнежи во тврдењата дека на ножот пронајден во собата во која била убиена Мередит дури 46 дена по убиството, има ДНК од Аманда или од Рафаеле.
Додека огромно олеснување се рашири низ судницата на страната на ослободените, членовите на семејството на Карчер беа вознемирени.
„Ја почитуваме одлуката на судиите но не ни е јасно како одлуката од првото судење е толку лесно преиначена. Се уште веруваме во италијанскиот правен систем и се надеваме дека вистината ќе излезе на виделина“ велат од семејството на жртвата.
На улиците на Перуџа избија нереди поради пресудата. Насобраните луѓе викаа „Срамота“, „Убијци“.
За време на судењето таа изјави дека сака правда за убиената девојка која била силувана и избодена во соба во станот кој го делеле.
- Да бев јас во станот и јас ќе бев мртва но не бев таму - рече Аманда.
Рафаеле тврдеше дека никогаш во животот не повредил никого.
Аманда беше прогласена за виновна само за клевета затоа што за убиството на Мередит го обвинила Патрик Ламумб, сопственик на клуб и за ова беше осудена на 3 години затвор, но тие веќе ги одлежа. Таа денеска ќе се врати во својот дом во Сиетл.



















