Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Вести Свет Монструмот се грижи за својот изглед: Брејвик ги оперирал носот и брадата, бара да го сликаат само со ’лакоста’ џемпер

Монструмот се грижи за својот изглед: Брејвик ги оперирал носот и брадата, бара да го сликаат само со ’лакоста’ џемпер

Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
По апсењето за убиството на 77 лица во нападите во Осло и на островот Утоја, најголемата грижа на Андерс Беринг Брејвик не е обвинението или судењето, туку одржувањето на личниот имиџ.

Како што пишува “Сандеј телеграф“, 32-годишниот Брејвик, нарцисоиден фанатик и понатаму одбива да се фотографира во затворот, затоа што сака во медиумите да се појавуваат само негови ’гламурозни’ фотографии, како оние во масонска униформа, или со пушка во раката за кои лично го смислил стајлингот додека го планирал масакрот.

Откако му било одбиено барањето да се појавува во воена униформа при секое пристигнување пред судот, тој инсистирал да носи црвен џемпер со натписот ’лакоста’. Ништо друго не доаѓа во предвид.


“Тој сакал да биде фатен. Призна се’. Во својот манифест напишал дека пропагандната фаза започнува веднаш по неговото апсење. Се’ што се случувше по експлозиите тој петок се одвива според неговиот план. Мојот најголем страв е дека тој и понатаму се игра со нас“, вели новинарот Питер Свар кој одел заедно во училиште со Брејвик.

Друг пријател, кој не сакал да му се објави името, рекол дека уште од пред десет години било јасно колку му се важни имиџот и вниманието од другите луѓе на Брејвик.

На тогашниот 21-годишник пластичната операција на носот и брадата му изгледале како логичен чекор кон совршенството.

“Се сеќавам дека бевме на забава. Ми рече дека ги оперирал носот и брадата кај пластичен хирург во Америка. Ми беше малку чудно, но тој во тоа време се дружеше со луѓе кои беа опседнати со сопствениот изглед“, рекол пријателот на Брејвик кој сакал да остане анонимен.

Hits: 566
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...